CelebrityНовости

Дали сте подготвени да освоите 2.000 евра награда за најдолго лежење – ова е моменталниот рекорд?!

Advertisement

Во малото црногорско село Брезна повторно се одржува едно од најнеобичните натпреварувања во регионот – натпревар во лежeње. За главната награда од 2.000 евра, на креветите легнаа 20 натпреварувачи од различни земји, меѓу кои Русија, Украина, Турција, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

Натпреварот функционира по едноставни, но строги правила – натпреварувачите мора постојано да лежат, а на секои осум часа имаат право на само 15 минути пауза за тоалет или кратка прошетка. Овa, на прв поглед изгледа лесен предизвик, сепак, бара исклучителна психолошка издржливост.

Advertisement

Организаторот Миќо Благојевиќ истакнува дека сè започнало како шега, инспирирана од стереотипите за мрзливоста на локалното население.

-Сега веќе гледаме дека тоа е сериозен ментален предизвик. Не е лесно да се остане во иста положба толку долго време, изјави Благојевиќ.

Оваа година натпреварувачите, освен храна и пијалоци, имаат и пристап до интернет, што според организаторите значително ја зголемува издржливоста на учесниците.

Advertisement

Веќе првиот ден неколку натпреварувачи се откажаа, но најголемо внимание привлече враќањето на Лидија – победничката од минатата година, која тогаш издржа рекордни 50 дена. Таа изјави дека оваа година е решена да го собори сопствениот рекорд и повторно да ја освои титулата.

Натпреварот продолжува, а очите на публиката се вперени кон креветите, каде секој час е борба помеѓу умот и телото.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button