Шминката може да ве направи помлади, но и постари. За да го избегнете спротивниот ефект од посакуваниот, обрнете внимание на следниве работи.
Кармин
Ако сакате да изгледате помлади, нанесете посветол кармин, додека со потемниот ќе изгледате постари.
Руменило
За помлад изглед користете топли и светли нијанси, а нанесете го на горниот дел од јаболкниците. Ако сакате да изгледате постаро, користете ги спротивните бои.
Веѓи
Густите веѓи секогаш оставаат помлад впечаток од потенките. Па, за да постигнете таков изглед лесно пополнете ги веѓите со моливче или сенка.
Пудра
Секако дека особено внимание треба да обрнете и на вашата пудра. Како стареете, така вашата кожа станува помалку еластична и посува. АКо не сакате да изгледате постаро отколку што сте, тогаш користете нежни пудри со лесна текстура.