Дали се сеќавате на Сашо „Пијан и млад“? – Миленикот на жените откри кој му е љубовниот статус!

Македонскиот пејач Сашо Спасовски, кој во 90-тите и почетокот на 2000-тите години беше вистински миленик на женската публика, повторно се најде во центарот на вниманието. Изведувачот на незаборавниот хит „Пијан и млад“ по подолго време се огласи на социјалните мрежи и го откри својот љубовен статус.
Иако одамна не е дел од музичката сцена, Спасовски остана запаметен по своите емотивни балади и топлиот вокал. Во минатото тој ја освои публиката со песни како „Не ги гаси свеќите“, додека неговиот менаџер беше покојниот Ацо Конга – некогашен член на групата „Нокаут“.
По заминувањето од естрадата, Спасовски се посвети на студиите по соло пеење во Софија, каде што се надградуваше музички. Денес, тој ретко објавува фотографии на социјалните мрежи.
Она што особено го привлече вниманието на јавноста е неговата последна објава на Фејсбук, во која пејачот откри дека е — во отворена врска. Објавата предизвика бројни коментари и реакции, а многумина изразија изненадување што еден од најромантичните пејачи на нашата сцена го споделил овој личен детаљ со јавноста.
