Како да се грижите правилно за вашето интимно здравје
Секоја жена би требало да се грижи за здравјето на својата интимна зона.
Секоја жена би требало да се грижи за здравјето на својата интимна зона. Тоа е лесно да се направи доколку се придржувате до правилата кои ги препорачуваат гинеколозите.
1. Запаметете дека вие не сте гинеколог
Колку и да го познавате своето тело и што му одговара нему, не лекувајте се на своја рака. Во аптеката се достапни многу лекови за третирање на вагинални инфекции, но ви советуваме да нег и користите без консултации со гинеколог.
2. Внимавајте кога купувате долна облека
Танга или обични гакички? Многу експерти имаат поделено мислење по ова прашање. Но, едно е јасно: Долната облека треба да биде удобна, а не само модерна.
3. Обилни менструации
Доколку менструацијата ви трае повеќе од 5 дена, не занемарувајте го ова. Постојат жени кај кои тоа е природно, но доколку со вас тоа не е случај, а ви се случува менструацијата да ви биде обилна и да трае подолго, тогаш веднаш обратете се на гинеколог.
4. Не давајте си дијагноза базирајќи се на читањата на интернет
Повеќето се склони кон „гуглање“ на симптомите и што тие значат. Со ова можете да дојдете до многу неточни заклучоци. Наместо Гугл, прашајте гинеколог.