Проверете дали правилно ја користите вашата маскара
Иако повеќето жени мислат дека нема ништо поедноставно од нанесувањето маскара, експертите за шминка советуваат и дека не е баш така лесно.
Иако повеќето жени мислат дека нема ништо поедноставно од нанесувањето маскара, експертите за шминка советуваат и дека не е баш така лесно. Погледнете ги овие трикови кои ќе ви помогнат да постигнете заводлив поглед.
Почнете со долните трепки
Гледајте право и нанесувајте ја маскарата, обично два до три слоја. Ако почнете со горните трепки, тогаш маскарата би можела да ви се размачка кога би го спуштиле погледот.
Што повеќе маскара на четката
Со кружни движења нанесете што е можно повеќе маскара на четката, наместо да ја поместувате нагоре надолу во тубата, затоа што на тој начин влегува воздух и таа побрзо се суши.
Две маскари годишно
Купувајте маскара барем на секои 6 месеци, со цел да ги избегнете инфекциите.
Виткање на трепките
Ако сакате очите да ви изгледаат покрупни, тогаш виткајте ги вашите трепки. Почнете од коренот на влакното, притиснете 10 секунди, а потоа продолжете по краевите и повторете ја постапката.
Отстранување на маскарата
За да се ослободите и од последната трага од маскарата, набавете посебно средство за отстранување на шминката од очите.