Дали ПЕТРУШОВСКА се согласува со ШЕРИФОВИЌ за критиките за песната „Неваљала“?
Петрушовска и овој пат ги засени сите на сцената, таа блесна во раскошна светло розова тоалета со потпис на модниот бренд „Елена Лука“.
Нашата претставничка на „Ѕвездите на Гранд“ , Андријана Петрушовска, во овој круг настапи со песните „Лихнида кајче веслаше” од Ефто Пупиносвки и „Неваљала“ од Цеца.
Петрушовска и овој пат ги засени сите на сцената, таа блесна во раскошна светло розова тоалета со потпис на модниот бренд „Елена Лука“. Светкавиот свечен фустан надополнет со розови пердуви одлично и прилегаше на згодната млада девојка.
ШЕ
И покрај тоа што се крена огромна фама околу изведбата на песната „Неваљала“ откако Марија Шерифовиќ ѝ даде серизони критики на Андријана, дека „катастрофално“ звучела со оваа песна, дека направила многу грешки и дека очигледно погрешила со изборот. Шерифовиќ побара поддршка и од Цеца која е оригинален изведувач на овој стар хит. И Цеца делумно се согласи со Марија.
И покарај овие коментари нашата Андријана е задоволна од тоа како ја расположила публиката. И сите кои ја гледаа емисијата се сведоци за тоа колку се крена атмосфера за време на оваа песна.
Гламур без шпекулации оди директно со прашање во прво лице. Еве што ни одговрои Андријана на прашањето:
Откако ја погледна снимката каков е твојот коментар дали сметаш дека Марија Шерифовиќ е во право со забелешките?
Во однос на мислењето на Марија, секако го уважувам, како и на сите останати членови на жирито. Настапот не успеав да го погледнам целосно, со оглед дека за мене и момците од бендот викендов беше работен, но од она што ми го испраќаа луѓето кои ја следат мојата работа, пред се добив позитивни критики.
Зошто се одлучи за оваа песна, тоа беше твој избор или на менторот?
Втората песна, во договор со менторот ја изведов со цел да ги расположам сите во студиото, во што и успеав! Публиката и сите во студио се забавуваа на таа песна, тоа го забележав!
Зборувајќи за негативните критики околку оваа изведба, се чини како да се фрли во сенка изведбата на првата песна која беше брилијантна. За оваа песна и повеќе од очигледно е дека идејата била на Андријана.
“Лихнида кајче веслаше” од маестралниот Ефто Пупиновски беше песната за која имав огромна одговорност при изведбата. Сакав да ја пренесам на мојата публика и целиот Балкан на начин на кој што ја доживувам… полна со емоции!
На крајот на денот, најважно е на публиката да и се допадне, што според тоа што го добив како feedback мислам дека успеав и овој пат да ги придобијам срцата на моите Македонци, а пред се со изведбата на “Лихнида кајче веслаше” – вели Петрушовска.
Од нас Андријана непристарсно ги добива сите комплименти, бидејќи и нема конкуренција.
На оваа наша забелешка таа вели…
Ви благодарам!Јас велам дека секогаш може подобро и не е клише, туку навистина сметам дека за се’ што човек создава и работи треба да се труди и да го подобрува квалитетот на она што е краен производ!