Дом и семејство

Дали навистина делуваат клетвите – православието објаснува што стои зад злобниот збор и како да го „поништите“

Стравот од клетва - суеверие или духовна реалност?

Advertisement

Во нашите краишта, одамна постои изрека: „Кого го колнеле, не му цветало“. Затоа многумина и денес се прашуваат дали клетвата може навистина да влијае врз животот на човекот, неговото здравје или судбина.

Но православното учење предупредува: злобниот збор сам по себе нема моќ. Вистинската сила не потекнува од човекот и неговите изговорени зборови, туку од Бога, а стравот од клетва се смета за еден од најдлабоките облици на суеверие.

Advertisement

Светото Писмо и наследството на светите отци се едногласни во пораката дека ниту еден човек не може да го „проколне“ оној што живее во вера, молитва и праведен живот. Бог е тој што управува со светот, а не човечката злоба. И ако злобната реч е неправедна, таа „се распаѓа“ уште пред да стигне до оној кому е упатена.

Православието учи дека најголемата опасност не е во туѓата клетва, туку во сопствениот страв, суеверие и недоверба во Божјата промисла.

Како функционира клетвата според христијанското учење?

Клетвата не е магиска формула, туку духовен чин што открива состојба на срцето. Во православието, „проклетството“ се дефинира како состојба на човек кој се оддалечува од Божјата благодат преку грев, омраза и злонамерност.

Тоа значи дека последиците не потекнуваат од изговорените зборови, туку од духовната состојба на оној што ја изговара клетвата.

пекселс

Според црковните поуки неправедната клетва нема ефект. Клетвата се враќа на оној што ја изрекол, не магиски, туку духовно.

Злобата предизвикува внатрешна раздразнетост, совест исполнета со гнев и чувство на оддалеченост од мирот, од љубовта, од спокојството, односно од Бог.

Свети Давид во Псалмите ова го објаснува сликовито:
„Ја љубеше клетвата, нека дојде врз него… нека му влезе како вода во утробата и како масло во коските негови.“

Тоа претставува „духовен бумеранг“, злобата се враќа кај оној што ја испратил и ја разорува неговата душа, без притоа да има моќ врз оној кому е наменета.

Заштитата што ја нуди верата

Човек не се ослободува од зло со ново зло, туку со благослов.

Апостол Павле советува: „Благословувајте ги оние што ве гонат; благословувајте, а не проколнувајте.“

Православната духовност нуди јасен пат за заштита:

Покајание – ослободување од стравот и од сопствените слабости.

Искрена молитва – која го отвора срцето за Божјата благодат.

Причест – најсилниот духовен штит.

Живот во мир, простување и милосрдие.

Кога човек живее во единство со Бог, нема сила, збор или намера што може да го одвои од Неговата заштита.

Што велат библиските и современите православни извори?

Многу свештеници, теолози и духовни авторитети во православните земји, укажуваат дека најголемата заблуда на денешниот човек е верувањето дека некој друг може да му „го уништи животот“ со збор.

пекселс

Отците често ја повторуваат поуката дека стравот од клетва сведочи за неверување во Божјата правда. Повеќето духовници истакнуваат дека неправедната клетва останува без сила.

Ниту демонските сили не можат да дејствуваат без Божје допуштање.

А, духовно незаштитен е само човек кој се оддалечил од Бога. Во православната традиција најважно е човекот да не остане „отворен“ за зло преку омраза, суета, страв или одмазда. Злото најмногу делува таму каде што има духовна празнина.

Прашањето „имаат ли клетвите навистина сила?“ се разгледува и во современите толкувања на Библијата. Според библиското учење, секоја злобна реч што се изговара од омраза, завист или бес ја губи својата сила пред Бог, ако оној кон кого е упатена живее во вера.

Во духовната традиција се прави јасна разлика меѓу: неправедна клетва, која нема ефект и се враќа на оној што ја изрекол и последици од гревот, кои понекогаш народот погрешно ги нарекува „проклетство“.

Библијата низ повеќе стихови нагласува дека човечкиот збор не може да ја промени Божја волја. Апостол Павле вели: „Сè работи на добро за оние што го љубат Бога.“ Тоа значи дека дури и да постои злобна намера, Божјата промисла е над секое човечко зло.

Па така, стравот од клетва е поголема духовна опасност од самата клетва. Зошто? Затоа што човек кој се плаши, живее под власт на суеверие, а не под Божја заштита.

Според библиската логика, клетвата му штети најмногу на оној што ја изговара, затоа што со тој чин ја труе својата душа. Псалмот 109 го опишува тоа со силни зборови – клетвата навлегува „како вода во утробата“ и „како масло во коските“.

Заклучокот што го истакнува и православната теологија е јасен, а тоа е дека човекот не треба да се плаши од туѓите зборови. Заштитата не е во магиските ритуали, туку во верата, молитвата, простувањето и Божјата благодат.

Најсилниот одговор на клетва е да одговорите на неа со благослов.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button