ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)
Оваа недела ќе донесе некои промени во вашата работа, која ќе вклучува врска со нова личност во вашата професионална или деловна средина. За младите мажи-Шкорпија ова може да биде време за започнување нова кариера, обука, нова работа или нови обврски, презентација пред публика и друго. Сепак, многу Шкорпии ќе подлегнат на голем тест кога ќе бидат на работ да донесат премногу силна и судбоносна одлука за иднината. Во повеќето случаи, ќе бидете под притисок поради појава на една необична ситуација. Веројатност за појава на конфликт, спор или непријатно недоразбирање со жена со која имате состанок или некој контакт.
Водич за мода: Жените-Шкорпија зрачат заводнички дури и во наједноставните парчиња облека. За вас одбравме нешто специјално.
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Оваа недела веројатно ќе сонувате за некој кој преминал на оној свет и ќе добиете важни информации или предвидување во врска со животот дома или претстоен настан. Веројатно ќе размислувате за долго патување или патување што ќе го преземете ова лето. Бидете свесни за трошоците поврзани за таквото патување. Можно е да добиете пари од друго место или земја. Ќе бидете вклучени во финансиски трансакции или зделки со луѓе и фирми од други градови или земји. Некои мажи-Стрелци ќе заминат од дома поради одредена цел, настан или патување. Ќе бидете загрижени или тажни од некоја причина во врска со дете или млад човек. Ќе добиете понуда или идеја во врска со работата или бизнисот.
Водич за мода: Без голема фрка, е вашата мантра, но сепак ви се допаѓа да бидете атрактивни. Имаме нешто посебно за вас!
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Време е за промени. Ќе треба да разговарате сериозно за финансиски прашања во врска со дете или млад човек. Може да има потреба за подготовка на документи од оваа природа. Поволна недела за судско/правно решавање на финансиски прашања/обврски и долгови поврзани со дете. Дејствијата на лице во кое имате доверба и споделувате нешто ќе предизвикаат да ставите крај на вашата поврзаност. Проблемот дома се должи на трансферот на одговорности и обврски на само едно лице. Може да има конфликт кога ќе кажете некои непријатни работи. Ќе имате време за размислување за грешките направени досега во бракот пред да биде премногу доцна.
Водич за мода: Вие сте сериозни кога е во прашање гардеробата. Барате добар квалитет и, често, дизајнерска етикета. Погледнете што „Штипка“ одбра завас.
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Престојат разговори коишто ќе ве задоволат или дадат надеж за подобри времиња на професионален и финансиски план. Емоциите поврзани со финансиите ќе бидат повеќе позитивни отколку негативни. Пазете се од тајна љубов сегашна или мината што може ненадејно да искрсне и да доведе до непредвидливи акции и одлуки или за вас или за вашиот партнер. Можно е ваков настан да не влијае врз вас, туку врз ваш роднина или пријател. Ќе разговарате за имот што е далеку од вас. Можеби е во сопственост на родителите или ваш личен, но кој во моментов не се користи од различни причини. Разговорот ќе биде предизвикан од одреден настан.
Водич за мода: Жените-Водолија имаат слободен дух и бунтовни се. Го менуваат стилот (пре)често и секогаш изгледаат добро. За непредвидливите како вас, имамеизненадување.
Премини на следната страна >>