Нега и здравје

Дали јајцата со мала пукнатина се безбедни за употреба? Еве што велат стручњаците

Научните студии покажуваат дека и микропукнатини со тек на време ја зголемуваат веројатноста за контаминација.

Advertisement

Секому му се случило, ќе стигнете дома од продавница и ќе забележите дека едно од јајцата има пукнатина, односно мало дупче. И веројатно се прашувате, дали такво јајце може да се користи или е подобро е веднаш да се фрли?

Еве што велат стручњаците.

Advertisement

Јајцето има природна заштита, лушпата и мембраната под неа ја штитат белката и жолчката од бактерии. Но, штом се појави пукнатина, дури и да е минимална, оваа бариера е нарушена.

Според Министерството за земјоделство на САД, бактериите, особено салмонела, можат да навлезат во јајцето преку пукнатините. Научните студии покажуваат дека и микропукнатини со тек на време ја зголемуваат веројатноста за контаминација.

„Бактериите лесно можат да навлезат во внатрешноста, особено ако јајцето долго стоело со оштетена луспа“, велат стручњаците.

Advertisement

Кога може, а кога не треба да се користи таквото јајце?

Ако јајцето напукнало дома, може безбедно да се користи. Ризикот дека веќе навлегле бактерии во него е минимален. Сепек, препорака е веднаш да се скрши во чист сад, да се покрие и да се чува во фрижидер најмногу два дена.

Ако јајцето било напукнато уште во продавница, односно, пред да го купите, тогаш, во овој случај ризикот е значително поголем, бидејќи не е познато колку долго бактериите имале време да се развијат внатре во него. Стручњаците советуваат ваквите јајца да не се користат, особено не во сирова форма.

фото пекселс

Термичка обработка

Ако сепак, одлучите да го искористите јајцето, задолжително е добро варење (односно вриење) или убаво пржење. Бактериите, вклучувајќи ја и салмонелата, се уништуваат на температура од најмалку 71 степени. Јадења каде белката и жолчката се целосно зготвени (како варени јајца, омлети, јајца во печива) се сметаат за безбедни.

Неколку корисни совети за безбедно чување на јајца

При купување секогаш проверувајте дали јајцата се цели и без пукнатини. Чувајте ги во фрижидер на температура до плус 4 степени Целзиусови.

Не ги мијте јајцата пред складирање, бидејќи се отстранува природниот заштитен слој.

Ако јајце се напукне дома, веднаш префрлете го во чист сад и искористете го за најмногу два дена. При сомнеж пак, користете го јајцето само после целосна термичка обработка.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button