Дали го очекувавте ова од Снеже Велков – ќе се изненадите како водителката ја доживува облеката

Нашата водителка Снеже Велков со години е на сцената. Денес на екраните ја гледаме преку популарната емисија „Нешто конкретно“ на Телма телевизија.
Снеже направи една забавна викенд емисија за семејството да се собере и да се расположи со нејзините гости. Таа кани познати личности и им поставува едноставни, но не помалку важни прашања. Има многу смеење во оваа емисија, доколку сте погледнале некоја епизода, веќе знаете за што зборувам.
View this post on Instagram
Маркетинг
Неодмана и Велков беше поканета како гостинка на поткастот „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски.
View this post on Instagram
Покрај бројните теми, Антонио ја праша и за тоа дали преферира брендрирана облека.
Одговорот на водителката беше дека тоа за неа воопшто не ѝ е важно.
– Фала богу што и така сум воспитана, дека брендовите не ја даваат вредноста на човекот. Не треба нешто да биде бренд за јас да се чувствувам убаво – рече таа.
View this post on Instagram
Ќе потсетиме дека неодмана во интервју за Гламур.мк, Велков сподели на кој начин се грижи за својот изглед.
– Наутро вежбање навечер рано легнување. Претпладне љубезност и почит кон непознатите, Попладне благодарност и поддршка кон луѓето што ги познавам. По дома – гушкање со блиските и љубов со моите тројца момци. Тоа се моите естетски корекции – рече таа.
View this post on Instagram
Препознатлива по својата прекрасна насмевка и љубезност, таа секоја недела ги пречекува нејзините гости во емисијата „Нешто конкретно“ на која што е и автор и водител. Една е од најуспешните ТВ водителки кај нас кои во својата професионална биографија ги има едни од најпопуларните ТВ проекти како „Х Фактор“, „Бекстејџ“, „Ред Хот“, „Биг Брадар“, „Вип на еден ден“….
View this post on Instagram
На Инстаграм таа има близу 37.000 следбеници.
View this post on Instagram
За крај еве една најава за тоа што ќе гледате во денешната емисија „Нешто конкретно“ и кои ќе и бидат гости.
View this post on Instagram