Тоа што сте невработен ќе се одрази не само на вашата банкарска сметка, туку и на вашиот живот. Според последните анкети во Америка, неверојатни 75% од жените велат дека не би сакале да бидат во врска со маж кој нема сигурно работно место.
Поточно, 33% од жените се изјасниле со став дека не би излегле ниту на состанок со некој кој е невработен, а останатите 42% од нив одговориле со „Можеби“ (со пола уста), со образложение дека не би трошеле премногу време на некој таков, освен ако не гледаат некоја надеж за потенцијален план на мажот да се врати во игра на некој начин.
Само 4% од жените на ова прашање одговориле со „Се разбира“, а 21% од нив се изјасниле со „Да, но би се интересирала како го минува времето таму.“
{simplepopup}
{/simplepopup}
А во меѓувреме, речиси 2 третини од анкетираните мажи се позитивни околу гледањето со невработени жени, со 19% од нив кои немаат никакви резервации околу вработеноста и 46% кои се изјасниле дека дефинитивно би се „дружеле“ со девојка без работа.
Ние лично не сме изненадени од овие резултати, а што би не изненадило во ова време – невреме… Но сепак мислиме дека жените би требало да бидат со поотворен ум. Разбираме дека мажите во оваа општество треба да бидат глава на фамилијата и слично, но земајќи ја во предвид стапката на невработеност во нашава држава најверојатно најприбирливите ќе останат со празни раце…
Се разбира дека е јасно жената да се грижи за својата финансиска ситуираност, но желбата да се вози во најнов модел на BMW или Ferrari и секојдневното подарување најразлични непотребни подароци не претставуваат знак за вистинска љубов во која парите се само помошно средство за живеење, ниту пак искрено амбициозен пар.
Барем денес, животот е динамичен и доста луѓе ги менуваат своите работни места како чорапи. Работата на едно работно место не претставува битен фактор за некој добро ситуиран маж. Секој има право да прошета низ светот и да се врати во својата држава кога ќе се почувствува така. Многу луѓе го прават тоа!
Види ја нашата нова WELCOME страница на Facebook.
Врати се на првата страна.