![](/wp-content/uploads/2025/02/voda-780x470.jpg)
Што се случува со ноќниот живот во Скопје? Дали само богатите можат да си дозволат да излегуваат и да се опуштат со нарачки?!
До нашата редакција пристигна поплака од наша читателка, како што вели на 40 годишна возраст. Сакаше да остане анонимна во нејзината изјава.
Оваа жена минатиот викенд со пријателите излегла во еден скопски локал, на настап на Владо Јаневски.
![](/wp-content/uploads/2025/02/2bc518cb9ac7233d18254cf348b14346.jpg)
Вкупно 7 луѓе, од кои четири жени и тројца мажи, резервирале маса и се било супер, се додека на стигнала сметката на крајот. Таа вели дека многу ретко излегуваат и дека ова прилично ја изненaдило и налутило.
![](/wp-content/uploads/2025/02/3f74a541b8133b20aa6919576efd6804-682x1024.jpg)
Зборуваме за нејзиното височество -водата!
Нашата читателка се зачудила кога видела колку чини водтата во локалот.
– Стигна сметката и сите извадивме новчаници за да дадеме пари, но она што сите не зачуди на сметката беше делот со водите. Ние сме нарачале вкупно 10 води, зборувам за мали шишенца од 330 милилитри. Едно такво шишенце ни го наплатија по цена од 100 денари. Ние дадовме 1000 денари за вода! Дали е ова нормално? Зборуваме за вода, зошто е толку скапо не можам да разберам. А ако побараш од чешма ќе ти речат дека не служат така. Дали е ова калсичен грабеж? Друг е муабетот за тоа колку им се скапи пијачките воопшто, дополнително што плативме и карта.Што стана работава едно излегување минимум 100 евра – вели таа.
![](/wp-content/uploads/2025/02/93244900-9170-48ad-a663-5d4dd8a81195-768x1024.jpg)
Во маркетите флашираната вода е од 20 до 40 денари.
![](/wp-content/uploads/2025/02/fc818dbfb969335bb4d46e39c4c028a5.jpg)
Овде се наметнува прашањето зошто во некои локали не дозволуваат да нарачаш вода од чешма и од кога водата стана скап пијалок?
![](/wp-content/uploads/2025/02/49d79713-4a41-4df8-978c-3da3bfeeac05.jpg)
Без вода не се може, водата е неопходна за живот.
– Ако имате од 60 до 64 килограми треба да пиете 2 литри вода дневно.
– Ако имате од 65 до 69 килограми треба да пиете 2,1 литри вода дневно.
– Ако имате од 70 до 74 килограми треба да пиете 2,3 литри вода дневно.
– Ако имате од 75 до 79 килограми треба да внесете 2,5 литри вода дневно.
– Ако имате од 80 до 84 килограми треба да внесете 2,6 литри вода дневно.
– Ако имате од 85 до 89 килограми треба да внесете 2,8 литри вода дневно.
– Ако имате од 90 до 94 килограми треба да внесете 3 литри вода дневно.
– Ако имате од 95 до 99 килограми треба да внесете 3,2 литри вода дневно.
– Ако имате од 100 до 104 килограми треба да внесете 3,3 литри вода дневно.
– Ако имате од 105 до 109 килограми треба да внесете 3,4 литри вода дневно.
– Ако имате од 110 до 114 килограми треба да внесете 3,6 литри вода дневно.
– Ако имате 115 или повеќе килограми треба да внесете 3,7 литри вода дневно.
Исто така, пред секој оброк испијте 2 чаши од по 2,5 dl.