Новости

Дац со последно збогум за жртвите, срце да пукне – „сонувајте како љубовта владее со светот и сите танцуваат во ритaмот на небесната музика…“

Драган Спасов Дац од тагата сплете тегобна поезија.

Advertisement

И актерот Драган Спасов Дац на својот фејсбук-профил го искажа своето последно збогум за жртвите кои настрадаа во катастрофалниот пожар во дискотеката на смртта, а тоа го направи со емотивен, длабок, поетски збор. Срце да пукне.

„Сонувајте мирисни полиња со вртипоп од кои пчелите ги товараат своите бисаги со полен.

Advertisement

Сонувајте сончеви утра во кои росата ја пои тревата

Сонувајте мирно езеро како тепсија во кое се одразува вашата личотија

Сонувајте ги најубавите бои и птици, сонувајте птици кои се враќаат во ланските гнезда.

Advertisement

Сонувајте виножито по кое ситниот дождец создава ноти.

Сонувајте како љубовта владее со светот и сите танцуваат во ритмот на небесната музика.

Сонувајте ги ѕвездите, тие ќе сјаат само за вас. Безброј ѕвезди кои ќе ви го осветлуваат патот.

Сонувајте и патувајте…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button