Шопинг

Да зборуваме отворено за женското здравје и менструалниот циклус!

Оваа година, во летните месеци повторно во фокус е ставено женското здравје, со акцент на менструалниот циклус и менструалната правда.

Реклама
Реклама

Меѓународниот ден на акција за здравјето на жените, кој се слави на 28 мај, а кој воедно е и светски ден на менструалната хигиена ќе го означи почетокот на широката иницијатива на компанијата dm дрогерие маркт: Во дванаесет земји каде dm е присутен на пазарот фокусот ќе биде ставен на физичкото, менталното, менструалното и социјалното здравје на жените, а посебно внимание ќе се посвети на менструалниот циклус и менструалната правда, вклучувајќи ги и мерките кои придонесуваат за детабуизација на овие теми.

Компанијата dm дрогерие маркт веќе започна отворено да говори на темата за женското здравје, но и за менструацијата како составен дел од него. Почнувајќи од минатата година, компанијата во фокус на своето работење го стави женското физичко и ментално здравје, опфаќајќи широк спектар на теми поврзани со ова. Оваа година, во летните месеци повторно во фокус е ставено женското здравје, со акцент на менструалниот циклус и менструалната правда.

Која е причината што сè уште зборуваме за менструацијата со доза на срам? Зошто користиме различни „кодирани“ имиња за менструацијата, за процес кој треба да биде природен и нормален за сите жени и девојки? Причината за тоа е средината во која живееме и социјалните аспекти, негативниот став кој општеството го има за менструалното здравје, што бара отворен разговор на оваа тема.

Маркетинг

Како составен дел од менструалното здравје, отворено треба да се зборува и за менструалната правда.

Маркетинг

„Посебно важно за нас е во рамките на нашата актуелна кампања да ги претставиме факторите кои се особено важни за здравјето на жените. Поради оваа причина, во текот на летните месеци ќе се фокусираме на многу теми кои се важни за женското здравје, со посебен акцент на менструалното здравје и менструалната правда“- изјави Кристина Дуранска, маркетинг менаџер во dm дрогерие маркт.

На почетокот на оваа година, со цел да ја поттикне менструалната правда, dm дрогерие маркт во рамките на ценовниот концепт СЕКОГАШ ПОВОЛНО долгорочно ги намали цените на влошките и тампоните од сопствената трговска марка Jessa.

Но, ова не беше единствениот чекор кон оваа цел. На женската трка во Скопје, која се одржа на 7 април оваа година, вработените од компанијата „трчаа за менструална правда“ и донираа 300 пакети со влошки за социјално ранливи категории на жени. Оваа донација dm ја реализираше во соработка со Здружението на новинари за човекови права од Скопје, а приматели на донацијата беа 300 жени од Битола, Охрид, Штип, Тетово, Гостивар и Скопје.

Изминатата година општествено одговорната компанија ја поддржа и реализацијата на проектот „Менструацијата не е луксуз“ преку кој беа донирани над 170 пакети влошки за ученичките во основните училишта во земјава, 100 повеќекратни менструални влошки за жени вработени во текстилни фабрики, како и на други категории на ранливи сограѓани.

Како дел од своето општествено одговорно работење, dm ја продолжува сеопфатната кампања за женско здравје со уште повеќе активности, со цел да даде уште поголем придонес за позитивни промени во нашата заедница, но и да ја разбуди желбата кај секој поединец да се залага за поздрав живот. Од компанијата најавија повторно распишување на конкурс за поддршка на проекти од областа на женското здравје, како и dmPodcast на кој отворено ќе се разговара на темите кои ги засегаат жените од областите на физичкото, менструалното, менталното и социјалното здравје.

Комерцијален текст

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button