Да не биде залудна жртвата на нашето ангелче Фросина – трогателна порака што ќе ви ги насолзи очите
На социјалните мрежи се шири уште една емотивна објава на близок роднина на Фросина Кулакова, девојката што беше прегазена на пешачки премин...
![](/wp-content/uploads/2025/02/frosina10-780x470.jpg)
Вчера се одржа вториот протест во Неготино заради младата дизајнерка Фросина Кулакова која беше прегазена од несовесен возач.
На протесниот марш во организација на другарките на Фросина имаше голем број граѓани од цела Македонија, а меѓу нив и семејството и најблиските на трагично загинатата девојка кои бараа правда за неа. На протестот се бараше стоп за насилството во сообраќајот, темелни промени во правосудството и максимална казна за лицето што ја прегази Фросина на пешачкиот премин на „Партизанска“.
По говорите на протестот беа пуштени десетици балони во небото во чест на Фросина, а потоа започна маршот кон градските гробишта во Неготино каде почива телото на Фросина.
Принтскрин/ Фејсбук, Телма
На протестот се обрати и сестрата на Фросина, Росица Кулакова, која со солзи им се заблагодари на присутните воедно барајќи правда за нејзината сестра и испраќајќи порака до судот да има темелна истрага и осомничениот да добие максимална казна, а по протестот на социјалната мрежа Фејсбук сподели и потресна објава на својот чичко.
Принтскрин/ Фејсбук, Телма
„Да не биде залудна жртвата на Фросина, анѓелчето наше, вие потрудете се да се подобрите. Развивајте се секој ден, бидете вредни како неа, создавајте, пред вас е животот. Ако сте ученици – учете повеќе. Ако веќе работите – унапредете ја својата пракса. Сакајте и почитувајте ги сите, не правете разлика по вера и нација, како што ни Фросина не правеше разлика. Болката на сите јазици исто боли“, вели во својата потресна објава чичкото на Фросина, Андреа Кулаков.
Принтскрин/ Фејсбук, Андреа Кулаков
„Јас, како татко, чичко, сега веќе и дедо на некои Кулакови, себично-не себично, сепак ќе го кажам: Боже Господи прости ми ако барам премногу, но поштеди нѐ – доволно жртви дадоа Кулакови за Македонија. Пред 80 години, нашиот дедо Фемо Кулаков загинал, на свои 19 години, за ослободување на Македонија. Сега Фросина Кулакова, на 22 години, загина за освестување на Македонија. Вечна ѝ слава!“, ја заврши својата објава на социјалните мрежи чичкото на Фросина.
Целата негова објава прочитајте ја во продолжение…