Култура[тор]

Да го спасиме Водно

Advertisement

Сведоци сме на масовно повеќестрано манипулативно и преќутно уништување на парк шумата Водно – единствениот излез на чист воздух од загадениот град во кој живееме. Тоа НЕ смееме да дозволиме да продолжи.

Advertisement

За таа цел, на иницијатива на неформална група граѓани под називот ”Да го спасиме Водно” повикува на учество во протестниот марш кој има за цел да ја рашири веста за урбанизацијата на Водно до граѓаните на Скопје и да се спротистави на насилната урбанизација на белите дробови на Скопје. Водно НЕ смее да се претвори во ресторантски комплекс, паркинг, елитна населба, телекомуникациска кула со штетни зрачења или било каков друг урбан проект за остварување на профит. ВОДНО е и ќе остане симбол за бегство од асфалтната џунгла во Скопје.

Планинарските и еколошките друштва, како и сите вљубеници во природата, се првите кои треба да го кренат гласот против оваа катастрофа.

Advertisement

Маршот ќе се одржи на ден 17 ноември 2013,
собирно место „Кочо Рацин“ во 10:30 часот и Средно Водно во 11:30 часот. Врв на Водно 13:00 часот.

Очекуваме Ваше масовно присуство.
За воздухот се работи !!! Да дишеме како луѓе !!!

Поздрав
”Да го спасиме Водно”

Дали ќе присуствуваш на настанот?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button