Наши ѕвезди

Да гласаме за Илија, го заслужи тоа – во Скопје одржува трафостаници, но сега цел Балкан го освои

Неверојатна поддршка доби од Тамара Тодевска, но сега потребна му е и мала пооддршка од нас

Advertisement

Илија Балтовски (50) по долги години реши повторно да запее и овој пат да си ја проба среќата во „Никогаш не е доцна“.

Тој на млади години се занимавал со музика, но кога се разочарал, ги продал сите инструменти и се запишал на студии.

Advertisement

„Продадов се што имам дома, сите инструменти, некои ги дадов на пријателите. Се обидов дури три пати да студирам, но ете, не завршив. Денес одржувам трафостаници. Би сакал кога нема да ме има да остане некој спомен од мене од натпреварот. Мислам дека е важна работа да се биде тука“, изјави натпреварувачот.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Тој во претходниот круг беше со неговиот пријател од Битола, Душко Груевски, свештеник и татко на Марија Груевска, пејачката која своевремено остави силен впечаток во „Ѕвездите на Гранд“..

Но и покрај тп0а што не му беше прв пат, Илија имаше трема, а тоа прва го забележа Тамара Тодевска која беше дел од жирито.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

И токму таа му даде голема поддршка, посебно кога стана и почна да танцува додека Илија настапуваше со песната „Let’s dance“.

Тие потоа заедно ја запеаја песната „Битола мој роден крај“, а како изгледаше сето тоа, погледнете во продолжение:

Инаку, ова беше самиот почеток од третиот круг на натпреварот, а жирито имаше голема мака да ги избере најдобрите.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Сите ветерани беа феноменални на сцената, но според правилата на ова шоу, членовите на жирито можат да изберат само двајца од нив да поминат, додека третиот го избира публиката во студиото.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Како што истакна и самата Тамара, тие не биле едногласни и одвај одлучиле кој да оди во следниот круг.

Па така пејачката откри дека директно поминале натпреварувачките Јасмина Христов и Марија Машиќ, додека публиката во студиото ја избрала Јасмина Селмановиќ.

Милош Јевтиќ и Илија Балтовски ќе одат на гласање преку социјалните мрежи на кое може да гласа секој на линкот тука.

Гласањето ќе се случува на Фејсбук (ТУКА) и ќе трае до вторник, 16 декември, точно до полноќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button