Наши ѕвезди

Д-р. Ненад Лазаров нема некој што не го знае, а еве како изгледа жената што го освои неговото срце

Објави фотографија со жената што му роди две дечиња и која што ја сака со истиот жар како и кога прв пат ја сретнал

Advertisement

Познатиот доктор ја покажа својата романтична страна

Ненад Лазаров е наш познат доктор кој многу често ги коментира и актуелните настани што се случуваат во нашата земја.

Advertisement

Тој беше многу активен за време на корона и со својата несебичност и советите што тогаш ги споделуваше помогна на многумина, а многу често знае да коментира и некои дневно-политички случувања.

Принтскрин/ Јутуб

И секогаш без влакна на јазикот ги критикува сите оние што навистина се за критикување, а неговите објави на социјалните мрежи често привлекуваат големо внимание и бројни реакции од оние што го следат.

Advertisement

Но д-р Ненад овој пат сподели една малку поинаква порака, очигледно среќен бидејќи ова беше навистина посебен ден за него.

Фејсбук/ Д-р. Ненад Лазаров

Имено, тој сподели фотографија на која е со својата сакана, Оливера Лазарова, а во коментарот ја откри и причината.

Како што откри самиот, на 0вој ден ја запросил неговата сопруга, а тремата што тогаш ја чувствувал нема никогаш да ја заборави.

„На денешен ден пред 11 години како никогаш претходно (а и потоа) се потев и пелте додека ја побарам за жена, не зошто не знаев дали ќе каже да туку заради тежината на дадениот збор и заклетва: во добро и лошо. Од тогаш навака ми роди 2 прекрасни најоткачени деца и те сакам најмногу“, напиша Ненад на својот профил на Инстаграм.

Фејсбук/ Д-р. Ненад Лазаров

Потсетуваме, познатиот доктор Ненад Лазаров има сестра која исто така е многу добро позната на нашата јавност.

Фејсбук

Имено, Ненад е брат на Ивана Серафимовска, многу позната фолк-пејачка, а први братучеди се и со познатиот јутубер Стефан Лзаров.

Во каков однос се братучедите денес, но и каков е односот помеѓу Ненад и неговата сестра Ивана, откријте тука

Фејсбук/ Д-р. Ненад Лазаров

Фејсбук/ Д-р. Ненад Лазаров

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button