Дом и семејство

Цвеќиња за секој двор, водич за почетници: Кои се најиздржливите за нашите климатски услови

Доколку сакате убава градина без многу труд, одберете цвеќиња што се отпорни и скромни.

Advertisement

Цвеќето е украс и душа на секоја градина. Шаренилото и мирисите што ги носат цвеќињата го разубавуваат просторот, внесуваат спокој и радост, и се вистинска терапија по напорниот ден. Токму затоа секој копнее барем по еден мал цветен агол.

Но, за почетниците во градинарството, изборот на цвеќиња може да биде вистинска главоболка. Понудата е огромна, а секое растение има свои барања – некое бара сонце, друго сенка; некое сака многу влага, друго трпи суша. Додека некои цвеќиња се многу благодарни и лесни за одгледување, други се чувствителни и бараат искуство и постојана грижа.

Advertisement

На пример, има цвеќиња кои дури и со минимална нега ќе цветаат обилно и долго – тие се идеални за почетници или за оние кои немаат многу време. Такви се, на пример, невенот и лавандата. Издржливи се на суша, не се плашат од директно сонце и не бараат често наводнување.

Од друга страна, има и вистински „принцези” во светот на цвеќињата – како што се розите со крупни цветови, бегониите или азалеите. Овие цвеќиња бараат внимателно полевање, специфична почва, редовно ѓубрење и заштита од болести. Ако не се негуваат правилно, брзо ќе го изгубат декоративниот изглед или ќе престанат да цветаат.

Затоа, пред да почнете со уредување на цветна градина, важно е да размислите колку време и внимание можете да посветите на растенијата. Доколку сакате ефект без многу труд, одберете цвеќиња што се отпорни и скромни. Но, ако уживате во грижата и имате желба за предизвик, тогаш и „каприциозните“ видови може да ви донесат огромно задоволство кога ќе процветаат во полн сјај.

Advertisement

Цвеќе што сака сонце – лесни за одржување и отпорни на силно сонце

Ако твојот двор или балкон поголемиот дел од денот се изложени на директно сонце, добро е да знаеш кои видови цвеќе можеш да ги одгледуваш успешно. И покрај тоа што не мораш да имаш големо искуство, можеш лесно да го разубавиш својот простор со растенија кои уживаат во сончевите зраци и не бараат многу грижа.

пекселс

Цвеќе што сака сонце, а лесно за одгледување

Некои растенија се идеални за сончеви локации, имаат шарени и убави цветови и се едноставни за нега. Клучно е да се полеваат со отстојана вода во попладневните или вечерните часови, а избегнувајте да ги полевате додека сонцето е најсилно.

Мушкатли 

Многу распространето цвеќе кое може да се сретне во различни форми и бои. Тие сакаат многу сонце, но за време на најжешките денови е добро да ги преместите во полусенка за да не изгорат листовите. Тие бараат редовно полевање, особено во топлите денови. Отстранете ги сувите и пожолтени листови и свенатите цветови за да цветаат подолго. Најдобро е ако ги посадите во пролет.

Петунија

Овие цветови сакаат 6 до 8 часа сонце дневно. Иако им треба често полевање, особено во топло време, не бараат посебна нега. Препорачливо е да ги ѓубрите еднаш месечно и да ги отстранувате овенатите цветови за поубав и погуст раст.

Египетска ѕвезда

Лесна за одгледување и многу отпорна, ова цвеќе цвета речиси цела година. Сака полусенка и умерено полевање. Земјата треба да биде малку сува помеѓу полевањата.

пекселс

Пустинска роза

Изгледа како бонсаи и е погодна е за почетници. Сака сонце, а полевањето е на 4-5 дена во лето и на 10 дена во зима.

Ако сте почетник, пробајте со овие цвеќиња и тоа додека летото е во полн ек. Ќе ви успеат.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button