Цвеќарка откри тајна за раскошно цвеќе – со оваа домашно приготвена течност цвеќињата растат како луди
Цвеќарката Кармен Џонстон од Њујорк откри природно ѓубриво кое самата го прави и користи, и тврди дека го забрзува растот на растенијата, цвеќето, зеленчукот и доматите...Многумина се уверија во тоа!

Љубителите на цвеќе на социјалните мрежи не престануваат да зборуваат за едноставниот, но моќен трик за побрз раст на растенијата.
Цвеќарката Кармен Џонстон од Њујорк откри природно ѓубриво кое самата го прави и користи, и тврди дека го забрзува растот на растенијата, цвеќето, зеленчукот и доматите…
Кармен самата го прави природното ѓубриво. За наводнување, таа користи вода во која биле потопени кори од банана.
„Сакам да го споделам овој совет со сите. Моите растенија ги хранам со вода во која потопувам кори од банана“, вели таа во видеото што го објави на Инстаграм.
Кармен објаснува дека оваа течност не ја чува во фрижидер и ја користи постојано. Кога ќе потроши дел од течноста, едноставно додава нови свежи кори од банана.
Кога корите ќе потемнат, ги фрла и става нови.
Таа вели дека тоа е одлично органско ѓубриво, корисно за сè – од домати до нане и копар. Резултатите се брзо видливи – Кармен сподели фотографии од бујни растенија:
„Моето нане е огромно, копарот ми е до половината, имам многу чери домати и прекрасни пиперки.“
View this post on Instagram
Луѓето потврдуваат дека нејзиниот трик функционира
Под нејзината објава, многу луѓе напишале дека го испробале нејзиниот трик и дека се воодушевени од резултатите. Некои од коментарите гласат: „И јас го користам тоа, босилекот никогаш не ми бил подобар“, „Конечно начин да ги искористам бананите што не ги изедов“, „Се колнам во ова! Иако јас само ги закопувам корите во земја“ и слично.
Сепак, имаше и предупредувања. Експертите советуваат да се користат само кори од органски банани, бидејќи обичните може да содржат остатоци од пестициди, што е штетно за растенијата. Тие исто така советуваат течноста задолжително да се разреди.
Еден корисник предупреди: „Мајка ми проба, но им го изгоре коренот на растенијата – задолжително разредете ја течноста!“