Интервју

Црвената коса ми прилега на карактерот и не планирам да ја менувам – на кафе муабет со Бранка Соколовска

Вики е прекрасна личност, присебна, забавна и одличен ментор, вели Бранка за своето искуство во „Ѕвездите на Гранд“

Реклама
Реклама

Бранка Соколовска јавноста ја запозна во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, а за прв пат се појави на “Фолк фест Валандово” во  2022 година каде се претстави  со песната “Слики”.

Во 2023 година пак ја изведе  песната “Што не заврне”.  Како што самата вели, талентот го наследила од родителите кои иако не се занимаваат професионално со музика, сепак и двајцата имаат дарба и слух. Што друго ни откри Бранка за себе, како за професионалниот, така и за приватниот живот, дознајте во продолжение….

Приватна архива

Како започна твојата музичка приказна и од каде талентот за музика?

Талентот го имам наследено од моите родители кои иако не се бават професионално со музика, имаат дарба и слух и двајцата. Од страната на мајка ми, мојот покоен дедо,свирел на виолина, со неговата тогашна група настапувал по прослави. Мојата мајка пее вокали терца, додека пак од на татко ми страната, сите имаат познавање на музика и среќна сум поради тоа што потекнувам од музичка фамилија.

Кој беше првиот твој професионален настап?

Прв пат како дете, се појавив на шоуто на Драган Вучиќ- „Вашите 5 минути”. Пеев песна од Андријана Јаневска и таму сфатив дека и понатаму сакам да се бавам со музика. Убаво е чувството на бина да запееш и народот да те слуша и поддржува! Активно почнав да се занимавам со музика од своја 20-та година и можам да кажам дека ми се исполни мојот сон да станам пеачка.

Приватна архива

На Валандово имавте досега два настапи, некако полека но сигурно се наметнувате на фолк сцената, какво е Вашето мислење за фестивалите и дали и понатаму ќе можеме да Ве гледаме на нив?

На „Фолк фест Валандово”, прв пат се појавив 2022 година и се претставив со песната „Слики”. Другата 2023 година се претставив со песната „Што не заврне”. Годинава во заминување за жал,не успеав да снимам песна, но следната година сигурна сум, дека ке настапам пак, потоа на “Лешочкиот фестивал” итн. Според мене фестивалите се платформа каде што ние уметниците, можеме да ги претставиме своите новокомпонирани песни и  да ги пренесеме на гледачите што ја негуваат македонската народна песна и секако во иднина ќе продолжам да настапувам на нив.

Преферирате балади почесто на фестивалите  но новата песна што ја имате  е повеќе во забавен ритам, дали можеби ќе можеме и некоја поп песна да очекуваме од Вас?

Досега ете така случајно ми се падна да настапам со балади, но не значи дека така во тој ритам ќе продолжам понатаму. Секоја песна носи свој мелос и своја убавина. Во принцип сакам весели и ритмички песни. Секако имам спремено и поп песна што премиерно ја претставив на емисијата “Качамак”. Работам на уште две нови песни, од кои едната е готова и спремна за презентација, додека следната сеуште ја снимам и ке се најде во новиот албум, што би требало да излезе на лето.

Приватна архива

Имате еден албум зад себе, дали можеме да очекуваме и втор албум?

Како што реков, моментално спремам нови песни со мојот тим, кои ќе се најдат на новиот албум! Се надевам дека ќе бидеме побрзи од очекуваното бидејќи со нетрпение чекам да им ги претставам на публиката

Јавноста пред 2 години  повеќе некако Ве запозна по големото шоу „Ѕвездите на Гранд“, какво беше искуството таму, и каква е Вики како ментор?

Пред се, огромна е честа и задоволството да се настапува пред огромни музички ѕвезди со чии што песни пораснав и ги сметам како мои идоли. Стекнав исто така и нови пријатели, поголема препознатливост, во секој случај едно огромно искуство кое ми даде уште поголем ветар во грбот за да напредувам, работам и успевам. Вики е прекрасна личност, присебна, забавна и одличен ментор. Знае да укаже на грешки, учи како да го контролираш гласот, како да се припремиш соодветно да се претставиш … со еден збор ја дава целосната поддршка на своите кандидати!

Приватна архива

Што Ви беше најтешко додека траеше шоуто?

Ништо не е тешко ако го работиш со љубов, напротив многу бев изненадена од самата себе, колку сето тоа многу добро го издржав и немав трема на сцена. Долгите часови на чекање пред настап, тоа може само да го издвојам како најтешко , меѓутоа и тоа не преставуваше толку тешко кога желбата да излезеш, отпееш е поголема од се!!

Некако во јавноста Ви даваат епитет како црвенокосата убавица, како ја негуваш својата убавина, кои се твоите ритуали за убавината и дали можеби си помислила да ја смениш бојата на косата?

Ми се допаѓа искрено како сум претставена со овој епитет.Бојата сега за сега ми прилега на карактерот и не планирам да ја менувам иако е тешка за одржување.
Приватна архива

Какво е твоето мислење за естетските корекции и дали ако немаш досега направено нешто во иднина би направила?

Сметам дека секоја жена, доколку не е задоволна од својот изглед, може да го коригира но не сакам претерани работи, сакам да е блиску до природното. Јас имам пополнета усна со хијалурон, и сега за сега, задоволна сум од мојот физички изглед и не би менувала ништо, но никогаш не не вели никогаш 😃.
Приватна архива

Дали е Бранка вљубена?

Вљубена сум во музиката !! 😄😄😄

Како би се опишала Бранка со неколку зборови?

Забавна, итра, луда, позитивна , горда, секогаш своја, решителна во некои ситуации а некогаш пак срамежлива, бистра и упорна, тоа што ке го наумам наоѓам начин да го исполнам… Нарцис сум нели 😃

Приватна архива

Какво е твоето мислење за фолк сцената кај нас?

Нашата естрада е богата со талентирани уметници, меѓутоа генералниот проблем кај нас е тоа што немаме доволно медиумски простор, продукции и телевизии каде што можеме да ги претставиме нашите дела. Но сепак ме радува фактот што еве постојат и траат емисиите како што се „Мерак меана”, „На здравје”, „Везилка” , „Качамак”  и други кои ја негуваат македонската песна.

Приватна архива

Што те прави среќна?

Ми го поставуваат тоа прашање често и се обидувам да им доловам чувства кога сум била многу среќна во животот и тажна за да можат да ги споредат тие две работи. Се трудам, тие сами да сфатат што ме прави среќна, но тешко оди. Среќа за мене е кога можам да спијам повеќе од осум часа, да го пијам кафето и да се расонам со убави мисли и разговори. Среќна сум и кога и тие што ги сакам, се живи и здрави и среќна ме прават и моментите кога уживам во животот. Среќна сум и кога љубовта е на најгорна точка. Среќна сум и кога можам да помогнам некому без разлика дали е тоа финансиски или со разговор и совет!

Приватна архива

Што е твојот најголем страв?

Најголем страв…па животот. Дали ке успеам, дали ке сум среќна, разбрана, успешна, сакана и задоволна. Страв од осаменост, емотивна слабост! Страв од болести. Страв од темнина 😄 Јас сум лав во хороскоп и лавовите се родени лидери и уживаат кога се во центар на внимание, ако некој не им обрнува внимание,тоа за нив е вистински хорор.

Како го негуваш гласот?

Гласот е мојот инструмент кој мора да се негува. Јас имам двоен однос кон гласот, еден како изведувач а втор како педагог и истражувач. Првиот однос е личен, гласот е дел од мене и за да им одговорам на музичките предизвици, морам да изградам дисциплина и вокална пракса. Исто така во текот на годините со редовно вежбање на гласот го откривам сопствениот инструмент и ја согледувам неговата уникатна боја и квалитет.
Приватна архива

Каде и како ја обновуваш енергијата?

Па обично кога сум заморена се обидувам подолго да спијам за да бидам повеќе одморена, затоа што обично работам тогаш кога сите спијат 🙂. Често преку неделата одам за моето Валандово, с. Пирава е местото од каде што потекнува мојата мајка и каде ги полнам батериите  и секогаш се враќам полна со енергија и желна за успех и нови предизвици.

Дали Бранка готви и дали е вешта во кујна и што е тоа што најдобро го готвиш, да ни споделиш некој рецепт?

Бранка кога има време, а слабо го има, знае да зготви добар ручек! Обично сакам да експериментирам со храната, така да ставам доста нови работи во секој нов ручек, кој го правам јас. Мојата мајка е прекрасен кувар, а јас голем гурман 😄. Јас во дел од слободното време правам и продавам колачи со убави рачно сликани апликации по желба на купувачот, но сепак идејата и реализацијата е моја !!

И за крај се ближи нова година каде ќе настапиш за најлудата ноќ?

За најлудата ноќ во годината имам неколку понуди за настап, меѓутоа се уште немам одлучено дали и каде ке настапам или може да славам дома со фамилијата. Во претходните години се сум на настап за Нова година и некогаш сакаш и да си дома а не можеш да бидеш, но бидејќи музиката ми е прва љубов, не ми е тешко и да настапам. Ке одлучам и ке ви кажам ..хахах..

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button