NEWSВести

Црвен аларм за Балканот – Македонија се најде во појас со најголем земјотресен ризик!? (фото)

Advertisement

Деновиве на социјалните мрежи се појави нова сеизмичка мапа која повторно ја отвори темата за земјотресниот ризик во Европа и предизвика големо внимание кај јавноста. На мапата континентот е прикажан во три бои што симболизираат различни нивоа на опасност од земјотреси.

Црвената боја го означува највисокото ниво на ризик, портокаловата претставува среден до низок ризик, додека темно зелената ги прикажува областите кои се сметаат за најбезбедни. Според објавените податоци, Македонија повторно се најде во зоната со најголем ризик, обележана со црвена боја. Во истата категорија се вброени и повеќе балкански земји, меѓу кои Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија и Грција. Високоризичниот појас се протега и кон западниот дел на Турција.

Advertisement

Оваа визуелизација уште еднаш го потсетува регионот на неговата позиција над активни тектонски раседи кои често предизвикуваат сеизмички активности. Во сосема поинаква категорија се наоѓаат земји како Ирска, Велика Британија, скандинавските држави, балтичките земји и Полска, кои на мапата се претставени со темно зелена боја. Овие региони се сметаат за речиси целосно безбедни кога станува збор за ризик од разорни земјотреси.

Мапата, иако не е официјален документ, успеа да привлече значителен интерес токму поради силниот контраст меѓу „црвените“ и „зелените“ делови на Европа. За земји како Македонија, каде земјотресите се историски познат ризик, ваквите визуелизации повторно го поттикнуваат прашањето за подготовка, инфраструктурна безбедност и свесност кај населението.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button