Дом и семејство

Цртите на лицето на таткото откриваат дали детето ќе биде машко – нова интересна теорија за полот на бебето

Тим истражувачи од Универзитетот во Мичиген анализирал како цртите на лицето на таткото може да влијаат врз полот на првото дете.

Advertisement

Според нова теорија на научници, изгледот на лицето кај мажот може да открие дали неговото прво дете ќе биде машко.

Иако резултатите се објавени и потврдени, експертите нагласуваат дека се потребни дополнителни истражувања.

Advertisement

Тим истражувачи од Универзитетот во Мичиген анализирал како цртите на лицето на таткото може да влијаат врз полот на првото дете. Тие ги проучувале фотографиите на 104 родителски парови со едно или повеќе деца.

фото пиксабеј

И од мајките и од татковците било побарано да достават фотографии од лицето, кои потоа студенти ги оценувале според привлечност, доминантност и машкост/женственост.

Резултатите покажале дека една специфична карактеристика на лицето кај таткото е поврзана со 83% поголема веројатност првото дете да биде машко. Тоа можеби објаснува зошто Том Харди, Џејсон Стејтам и Расел Кроу добиле синови како први деца, пишува Дејли меил.

Advertisement

Студијата, објавена во списанието Adaptive Human Behaviour and Physiology, открила дека татковци чии лица биле оценети како подоминантни имале значително поголема веројатност да добијат син како прво дете. Овој резултат останал ист независно од нивната привлечност, машкост или возраст.

Истражувачите откриле дека секое зголемување на перцепираната доминантност е поврзано со 83% поголема веројатност за машки наследник. Но, кај лицето на мајките не била утврдена слична поврзаност.

Авторот на истражувањето Бенџамин Зубали изјавил за PsyPost дека една од теориите е дека жените со повисоко ниво на тестостерон околу моментот на зачнување – хормон кој се поврзува со раѓање на машки деца – почесто избираат партнери со доминантен изглед.

„Предлагаме веродостоен механизам преку кој личноста на мајката, хормоналните нивоа и преференциите кон партнерот може да влијаат на полот на бебето. Сепак, врската меѓу доминантните црти на лицето и полот на потомството бара дополнителни истражувања,“ објаснуваат научниците, пренесува британскиот медиум.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button