Реклама
БизнисПрепораки

Цените во маркетите од кои ние најчесто купуваме – ова се најдобрите акции во Стокомак, Кам, Веро…

Ова се новите цени на некои производи...

Реклама

Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои производи во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани…

Ги прегледавме каталозите на неколку поголеми маркети во Македонија и ги издвоивме најдобрите акции и производи по супер цени.

Или барем оние за кои ние мислевме дека се најдобри, но кои во исто време би можеле и вас да ве интересираат, Станува збор за неколку производи од маркетите како што се dm, КАМ, Тинекс, Веро и Стокомак, односно маркети од кои нашите граѓани најчесто купуваат.

Ниту еден од овие производи или маркети не се спонзорирани, а ги издвоивме бидејќи истите и самите би ги користеле.

Маркетинг

Па, како изгледала нашата шопинг листа за оваа недела од најпознатите маркети во Македонија погледнете во продолжение…

dm

Во продавниците на dm и овој пат вниманието ни го привлече нивниот ваучер кој е идеален подарок за 8. Март. Станува збор за подарок ваучери во вредност од 350, 500 и 1000 денари кои се совршен подарок за Вашите колешки, партнерки или соработнички, а кои можете да ги најдете во било која продавница на dm.

Маркетинг

Повеќе за овие ваучери прочитајте тука.

КАМ

Од новиот каталог на КАМ маркет кој важи од 24.03 до 02.03 и во кој некои од акциите важат само од понеделник до среда, а некои од четврток до недела ги избравме следниве неколку производи.

Прасешка плешка замрзната која од 349 денари се продава за 299 денари, како и зелка која во КАМ сега е само 29 денари.

Принтскрин/ Кам

Вкусниот домашен ајвар „Sunny Fantasy“ со премиум квалитет од 680 грама се продава за само 219 денари, додека лутите пиперчиња полнети со млечна урда од истиот бренд и од 280 грама сега се 105 денари.

Принтскрин/ Кам

Супер цена има и Алпското UHT млеко со 1.5 % масленост и без лактоза кое од 92 денари се продава за 77 денари, додека како нивен топ производ во најновиот каталог е темното пиво Hop Rider Craft Beer што го има ексклузивно само во Кам и чини 46 денари.

Принтскрин/ Веро каталог

Веро маркет

Од понудата на Веро го избравме следната вкусна акција која за жал трае до 28 февруари, но подарокот е интересен.

Принтскрин/ Стокомак каталог

Стокомак

Од последниот каталог на Стокомак го издвојуваме следното изненадување кое е поевтино и од Тему – ранец за само 179 денари.

Тинекс

Од понудата во Тинекс ја издвојуваме акцијата за оваа недела што ја имаат на каса, а која трае од 24 февруари до 02 март.

Принтскрин/ Тинекс каталог

Овој пат во фокусот ни е кафето Класик 3 во 1 од Нескафе кое за 10 пакувања е на попуст од 17 % и чини 139 денари.

Наш производ на неделата е – пивцето од Кам!

Пишете ни во коментарите кој е вашиот омилен производ од маркетите во Македонија и каде се продава по супер цена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button