Цени во Кам споредени со оние во германскиот Лидл?! Вистината и горчи и боли, ќе се изненадите!
Не, ова не е весела, туку тажна математика
Ве интересираат како се движат цените во Германија на производите што најчесто ги купувате од нашите маркети?
Еве еден каталог од германски Лидл, од кој може да видиме колку се движи месото, зеленчукот, овошјето и многу други производи во една од најразвиените европски држави, па воедно и да ги споредиме со нашите, и тоа со еден од најевтините маркети во земјава.
На пример пакување со 18 лименки кока-кола се продаваат по цена од 8.49 евра, но оваа цена е со 49 проценти попуст.
Принтскрин/ Лидл
Што значи дека една лименка може да се купи за помалку од 30 денари, додека големо шише за 60 и нешто денари.
Принтскрин/ Лидл
Портокалот на акција се продава за 1.49 евра, а зејтинот кој исто така е на акција за 1.25 евра, што значи околу 90 и 80 денари.
Принтскрин/ Лидл
Погледнете ги цените и на останатите производи, а потоа споредете и со оние во еден од нашите најевтини маркети.
Платите во Германија VS платите во Македонија
И секако не заборавајте дека просечната плата на „кутрите“ Германци кои некои производи можеби ги плаќаат неколку денари повеќе (и ова е дискутабилно!) за 2024 година изнесува 4.197 евра месечно, односно 50.200 евра годишно во бруто износ.
Принтскрин/ Лидл
Во нето овој износ изнесува 32.300 евра годишно, односно околу 2700 евра месечно, додека за добра плата во Германија се смета се што е преку 61.000 евра годишно, односно од 4.400 до 6.700 во бруто износ.
Принтскрин/ Лидл
Па, ако овие цифри ги споредиме со просечните примања во Македонија, ќе дојдеме до едноставен заклучок, а тоа е дека не само што платите ни се мизерни, туку и цените ги преминаа сите граници.
Принтскрин/ Лидл
Се согласувате, нели?
Како изгледаат цените во Германија споредени со оние во Хрватска и колку тие се всушност поевтини, погледнете тука…
Принтскрин/ Лидл
Во продолжение и најновиот каталог од Кам…