Огласи
Наши ѕвездиСтил

Цело Скопје гледаше во чантата на Лила Стојановска – водителката троши илјадници евра за овие детали

Познатата водителка во уште едно шик издание...

advertisement
advert

Овој детаљ ќе воодушеви многумина

Познатата водителка уште еднаш покажа дека знае како да ги избере вистинските парчиња за себе и да заблеска во полн сјај.

Но таа има префинет вкус и кога станува збор за чанти, а во својата колекција го има и овој шик модел од Луј Витон.

реклама

Станува збор за модна куќа која ги прави омилените чанти на многу жени ширум светот, но и кои имаат поприлично солени цени.

Имено, Лила на својот Инстаграм објави фотографии на кои носи бунда со интересен дизајн, потоа светкави панталони и кожени ракавици, па дури и спортски патики што само по себе е чуден спој, нели?

Марpкетинг

Но Лила целото издание го зачини со прекрасна чанта од француската модна куќа Луј Витон која всушност и го украде шоуто.

Овој прекрасен детаљ секако дека беше во центарот на вниманието, а Лила со него покажа дека не штеди пари кога е стилот во прашање.

Многу познати дами сакаат да инвестираат парите во овие чанти – Лила е една од нив и притоа не жали ни денар.

Колку чинат овие чанти?

Француската модна куќа Луј Витон и кај нас важи за еден од омилените дизајнерски брендови кога се чантите во прашање.

Нивните скапоцени чанти ги обожаваат многу познати светски модни икони, а познати модели или нивни копии, прекриени со препознатливото логоа на популарниот дизајнерски бренд може да видиме и на нашите улици.

Louis Vuitton, GO-14 MM – 8284 евра

Тие важат за синоним за луксуз, префинетост и престиж, а за многу жени овие чанти не се само нешто ново во плакарот, туку поседувањето на некои од овие дизајнерски модели за нив преставува и вложување на пари во нешто што ќе трае со децении, а може да остане и како наследство за следните генерации.

epp

И колку ова и да звучи лудо, тоа во светот на модата така функционира, а овие чанти фасцинираат дури и мажи (сетете се само на бројните модели што во своите плакари ги имаше Бојан Јовановски, но и на моделот со парите од Камчев за кој со денови се зборуваше).

Инстаграм/ Бојан Јовановски

Што се однесува до цената на овие чанти, во продолжение погледнете колку чинат некои од најпознатите модели на овој бренд.

Louis Vuitton, OnTheGo MM – 4142 евра

epp2
Louis Vuitton, Mini Dauphine – 4142 евра

Louis Vuitton, Twist MM – 5762 евра

Louis Vuitton, Neverfull MM – 2437 евра

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button