Целиот дом на Татјана исполнет со радости, топлина и беспрекорни детали – скромно, но преубаво (фото)
Познатата водителка ги изненади сите со својата последна објава на социјалните мрежи

Најновиот пример за преубава празнична декорација ни доаѓа од домот на нашата позната водителка Татјана Стојановска која оваа година ни покажа дека и класичните украси можат да изгледаат интересно, па дури и спектакуларно, посебно ако се паметно избрани и внимателно, со многу љубов и креативност, подредени…
Шармантната водителка Татјана Стојановска покажа детаљ од нејзиниот дом во кој живее и ги изненади сите.
Имено, таа откри како ја украсила нејзината елка, а од објавата може да се види дека домот го средила со многу љубов.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Целата елка е украсена со лампиони во најразлични бои, а тука се и светулките и подароците што стојат под дрвцето.
Елката е поставена пред шанкот во кујната, а како изгледа овој дел од нејзиниот дом кој внимателно го средила, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Потсетуваме, Татјана претходниот месец го прослави својот јубилеен 50-ти роденден кога направи журка за паметење.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
На прославата беа многу нејзини колеги и пријатели, но и нејзиниот партнер Михаил со кого водителката е во брак од минатата година.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Татјана за оваа пригода избра црн светкав фустан во кој блескаше од глава до пети, па сите коментираа дека изгледа прекрасно. Повеќе детали од роденденот откријте тука, а како водителката изгледаше и во ова свое издание, погледнете во продолжение…