Целиот Балкан воодушевен од ледената кралица од Македонија – ја прогласуваме за жена на годината
Нашата маленкост оваа млада дама од Ресен ја прогласува за жена на годината во Македонија за 2024

Македонската ледена кралица, Бетика, покажа како си ги полни батериите, но на еден необичен начин.
Имено, Бетика е позната по тоа што обожава* да се бања во студена вода (го напишавме зборот студена, но мислевме на мраз студена!) и ова го прави веќе со години наназад, па дури и 365 дена во годината (колку и да звучи неверојатно, ова е вистинито!).
Таа сега на својот Инстаграм сподели неколку снимки на кои е во костим за капење и со капче од Дедо Мраз.
Инстаграм/ Бетика
И Бетика во ова издание си влезе во студената вода, па потоа откри и како се чувствува по овој третман.
Инстаграм/ Бетика
И покрај тоа што немаше мотивација, заради подвигот што го има зацртано, таа сепак успеа да се искапе, па напиша:
„За*би мотивација, дисциплината ме донесе тука. А тоа е секојдневно капение во 2024“, напиша Бетика пред само два дена.
„Фала ви на сите за прекрсната поддршка“, додаде таа во коментарите и предизвика бура од реакции.
Инстаграм/ Бетика
Еден ден подоцна, Бетика со секирчето во раце го крши мразот од заледената река и во костим за капење влегува во водата.
Инстаграм/ Бетика
Инстаграм/ Бетика
За 4 дена завршувам 366 дена дисциплинирано секојдневно капение во ладна вода. А 2025 ја започнувам со светски „ice-bathchallenge“, секојдневно капение во ладна вода, цел Јануари, , напиша Бетика на својот Инстаграм, па го додаде и следново:
„Нема време за одмор, Идемо јако“, порача оваа извонредна дама.
Инстаграм/ Бетика
Па, што велите за оваа наша ледена кралица? Нејзиното име е Бети Котовчевска, има 28 години и е од Ресен. Ние останавме без зборови од она што го прави оваа дама, но и залепени до парното бидејќи ни пристуди и од тоа што ја гледаме, иако нема некој тука во редакција што истовремено не и се восхитува.
Инстаграм/ Бетика
Инстаграм/ Бетика
И затоа уште еднаш – БРАВО за ледената кралица, таа дефинитивно треба да биде прогласена за жена на годината!
Инстаграм/ Бетика
Кликни тука и следи ја Бетика на Инстаграм >>