Огласи
Наши ѕвезди
COVER STORY

Цела Македонија во тага, ќе се сеќаваме на овие ѕвезди засекогаш – Сара беше ангел, а Андреј – човечиште!

Телото на Сара ќе биде изложено во црквата Св. Петар и Павле, Андреј ќе биде закопан во Бутел...

advertisement
advert

Најтажниот ден во поновата историја на Македонија…

Пејачот и еден од основачите на ДНК, Андреј Ѓорѓиески кој згина заедно со своите колеги во страшниот пожар ќе биде закопан денес.

Неговата сопруга на социјалните режи сподели дека поргебот е закажан за денесво 10.00 часов во капелата Бутел.

реклама

Денес во вечното пчивалиште ќе биде испратена и Сара Пројковска, вонреден професор на Факултетот за музики уметности.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Сара ќе биде погребана во 12.00 часот на гробиштата во Лисиче, а нејзиното тело ќе биде изложено во црквата Св. Петар и Павле.

Марpкетинг

Принтскрин/ Социјални мрежи

Која беше Сара Пројковска?

Сара беше придружен вокал во ДНК, но во текот на својата кариера настапуваше со бројни музичари меѓу кои и со Тоше Проески.

Принтскрин/ Социјални мрежи

И како што велат оние што ја познаваа, Сара секогаш беше полна со љубов, а музиката беше нејзиниот живот.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Таа беше добрица и се однесуваше како сестра со сите, но и вистинска лавица која како самохрана мајка се грижеше за своите две деца.

Имено, нејзиниот поранешен сопруг, џез трубач и професор по труба, Александар Николовски, почина во 2021 година.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Таа остана сама со своите две деца за кои се грижеше како лавица, а покрај тоа што им пееше придружни вокали речиси на сите поп изведувачи во Македонија, Пројковска работеше и како вонредна професорка по пијано на ФМУ.

epp

Принтскрин/ Социјални мрежи

Потсетуваме, во страшниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа најмалку 59 лица, а преку 190 се повредени.

Меѓу починатите се и осум членови на групата „ДНК“ – пејачот Андреј Ѓорѓиески, тапанарот Ѓорѓи Горгиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски. Владимир Блажев – Панчо, кој заедно со Андреј е еден од основачите на бендот, ја преживеа несреќата, но во моментот е во болница со тешки изгореници и е приклучен на кислород. Несреќата ја преживеа и Ана Костадиновска, придружен вокал во групата, која во моментот е во стабилна состојба.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Според изјавите на очевидци, Андреј успеал да се извлече од дискотеката на смртта, но решил да се врати за да им помогне на останатите. Тогаш врз него паднал кровот, по што пејачот кој со својот колега Панчо беше познат и по својата хуманост, загина на лице место.

epp2

Принтскрин/ Социјални мрежи

Нека им е вечна слава на сите, а на повредените што побрзо да оздрават и да се вратат кај своите најмили…

Принтскрин/ Социјални мрежи

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button