ВестиНаши ѕвезди

Цела Македонија плаче заради овие тажни зборови на најблиските на загинатите во пожарот во Кочани

„Толку многу те имаше, а сега толку многу те нема“

Advertisement

Непребол…

Шест месеци по страшната несреќа што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сопругата на гитаристот Александар Коларов од Штип, еден од загинатите музичари, повторно ја сподели својата болка.

Advertisement

Маја во својата емотивна објава што ја сподели на Фејсбук пишува за големата загуба, но и за огромната празнина што остана по големата трагедија во која згаснаа животите на 62 млади лица.

Принтскрин/ Фејсбук

Таa сподели и неколку фотографии и снимки од саканиот, но и од Филип Стефановски, клавијатуристот од ДНК кој исто така загина во пожарот, а кој беше сопруг на нејзината сестра Ирена.

Advertisement

„Секоја но се искачувам на врвот од болот, секој ден одам до крајот на светот за да се убедам дека те нема овде. Пишти самотијата исполнета со твоето отсуство, секој агол од нашиот дом аплаудира во празен екот што боли до усвитеност без твојата мелодична насмевка. Толку многу те имаше, а сега толку многу те нема“, пишува на една од фотографиите што ги сподели Маја на својот профил на Фејсбук.

Принтскрин/ Фејсбук

Целата нејзина објава погледнете ја во продолжение:

Принтскрин/ Фејсбук

Потсетуваме, во големата трагедија што пред три месеци ја потресе Македонија загинаа 62 лица, а речиси 200 беа повредени.

Принтскрин/ Фејсбук

Несреќата завеа во црно многу семејства, а покрај младиот тапанар Ѓорѓи Ѓоргиев од Струмица во пожарот згаснаа и животите на пејачот Андреј Ѓорѓиески, еден од главните во ДНК, потоа клавијатуристот Филип Стевановски од Штип, гитаристот Александар Коларов кој исто така беше од Штип, потоа придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков, фотографот Алекандар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо кој беше мошне близок со сите, а посебно со Андреј и Владимир Блажев-Панчо, кој се уште е на лекување.

Принтскрин/ Фејсбук

Шест месеци по несреќата, на социјалните мрежи се огласи и мајката на Ивона Антова, 21 годишната девојка која исто така беше една од настраданите во трагедијата во Кочани, се огласи на Фејсбук.

Фејсбук, Стојка Иванова-Антова

Нејзината мајка Стојка Иванова-Антова овој пат се огласи со тажна порака, а сподели и фотографија од своето чедо.

„Љубљана… таму требаше да започнеш ново поглавје од својот живот. Таму требаше да ги оствариш своите соништа, да зачекориш како моден креатор и да го пронајдеш својот пат. Таму, на тие улици, требаше да блеснеш со целиот свој талент и сила, да ја обликуваш својата иднина. Таму требаше да ја покажеш целата своја креативност, добрина и милост. Но наместо иднина – ти подарија темнина. Наместо радост – ти оставија болка. Наместо живот – ти го одзедоа со бездушност“, пишува мајката на оваа млада девојка која пред точно шест месеци го изгуби животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button