Цела естрада во солзи, тагуваат за Панчо – семјеството неутешно, пред црквата сцени што кинат душа
Пејачот Панчо беше испратен во своето вечно почивалиште, на погребот и пред црквата Свети Илија во населбата Аеродром имаше луѓе од цела Македонија

Тажен дел за нашата естрада
Денес на градските гробишта во Бутел беше закопан музичарот Владимир Блажев Панчо кој почина по седуммесечна борба со последиците од пожарот што се случи во ноќниот клуб во Кочани.
На гробиштата беше испратен од голем број роднини и пријатели, а последна почит му изразија и многумина што не го познаваа.
Принтскрин/ Инстаграм
Неговото тело претходно беше изложено во црквата Свети Илија во Аеродром, каде исто така имаше голем број на луѓе.
Неговите најблиски беа скршени од болка, а во близина на црквата имаше и Брза помош во случај да не затреба.
Принтскрин/ Инстаграм
На погребот имаше и голем број познати личности, а пред новинарите зборуваа одвај задржувајќи ги солзите.
Телото на популарниот и саканиот музичар во црквата Свети Илија беше изложено од 10 до 12 часот во неговата населба Аеродром, а во 12 часот започна опелото. По завршување на молитвениот чин Панчо беше погребан на гробиштата во Бутел, а комбето кое беше таму целосно беше покриено со цвеќиња и плишани мечиња од неговите фанови.
Принтскрин/ Јутуб
Блиските скршени од болка
Инаку, Панчо беше во брак со Маја Туловска, а зад себе остави и два сина што ги имаше од бракот со неа, Андреја и Марјан.
Покрај Панчо во несреќата што однесе 63 млади лица, загина и неговиот пријател и колега од ДНК, пејачот Андреј Ѓорѓиески, како и уште шест други членови и соработници на нивниот бенд.
Принтскрин/ Инстаграм
По тажната вест дека згасна и животот на Панчо, скршена од болка се огласи на социјалните мрежи и неговата сопруга. Таа најпрво со тажни зборови се збогуваше од нејзиниот сопруг (види тука), а потоа напиша и коментар под една објава од страна на болницата Систина со која тие изразија сочувство до семејството и се збогуваа од Панчо.
„Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборам се што не си кажавме цел живот, ви благодарам за секоја секунда посветена од сите вас како болница која ми станавте втор дом изминатиов период. Нема зборови и нема утеха, а знам дека и вие сте скршени од болка“, напиша Маја како коментар под објавата на Фејсбук од страна на болницата со која тие изразија сочувство и се збогуваа од познатиот музичар.
Принтскрин/ Инстаграм
Потсетуваме, во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани згаснаа 63 млади животи, меѓу кои и осум музичари кои настапуваа со музичката група „ДНК“.
Покрај Панчо кој седум месеци по несреќата им подлегна на повредите меѓу настраданите се и младиот тапанар од Струмица, Ѓорѓи Ѓоргиев, потоа клавијатуристот на бендот, Филип Стевановски и еден од фронтмените, вокалистот Андреј Ѓорѓиески кој иако излезе од дискотеката, се врати по другите и во тој момент се срушил кровот и паднал врз него, по што пејачот загина на лице место.
Принтскрин/ Инстаграм
Настрада и Сара Пројковска која беше придружен вокал во бендот, потоа гитаристот Александар Коларов, тон-мајсторот на ДНК, Игор Велков, како и битбоксерот Мартин Атанасовски попознат како Мартин Буцо кој исто така беше дел од групата ДНК.
Бонус видео
Последен поздрав за Панчо