Наши ѕвезди

Цел живот не мешаа. И денес некои ме викаат Дуле – потресна исповед на Никола Јанков-Коки

Со Коки искрено за стиховите од песната „Виолина и гитара“, по која повеќе ништо не беше исто

Advertisement

Виолинистот Никола Јанков Коки оваа година на јубилејното 40. издание на „Макфест“ настапи во чест на својот пријател.

Имено, следната година ќе поминат точно три децении откако тој заедно со починатиот Душан Љубисављевиќ – Дуле победија на истиот фестивал. Тие веќе беа познати како „Дуле и Коки“ низ цела Македонија, но како што вели и самиот Коки во интервјуто во емисијата „Кафе муабети“, по песната „Виолина и гитара“, со која победија во 1996 година, повеќе ништо не беше исто. Токму со оваа песна тие ја освоија првата награда и преку ноќ истата стана мегахит.

Advertisement

Се пееше во секој локал и клуб низ Македонија, а и денес важи за химна на прославите и веселбите, на сите оние убави и радосни моменти.

Принтскрин/ Јутуб

Незаборавно дуо

Тие беа најпопуларните поп-музичари во Македонија во 90-тите, а набргу станаа познати и на просторите на поранешна Југославија.

Но и покрај големата слава што ја имаа во тоа време и беа ѕвезди, и Дуле и Коки останаа скромни и секогаш блиски со народот.

Фото: Инстаграм/Никола Јанков

И тоа остана така, се до септември 2013 година, кога во медиумите се појави веста што ги шокираше сите.

Веста дека Дуле починал тогаш ја растажи цела Македонија – тој тогаш имаше само 39 години и речиси никој не знаеше дека беше болен.

Принтскрин/ Јутуб

Но дури по неговиот тажно и прерано завршен живот се дозна дека ја изгубил битката со ракот, болест за која не знаеја и неговите најблиски, се до последниот момент, кога веќе беше предоцна.

Имено, Дуле се обидувал колку што може да ги поштеди оние што ги сакал, од овој свет заминувајќи храбро. Но Дуле преку неговите песни живее и денес, а неговиот неразделен пријател и колега од бендот, овие ремек-дела ги одржува во живот и денес.

И како што самиот вели, и денес многупати се случува да го наречат Дуле, што не му пречи, а што друго ни откри виолинистот од најпопуларното и незаборавното дуо на сите времиња, погледнете во продолжение, во емисијата „Кафе муабети“, на јутуб каналот на Гламур.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button