Наши ѕвезди

Цел регион и денес плаче за Тоше – ова му остана неостварена желба

И денес, 18 години подоцна, неговите зборови од последното интервју звучат како потресен запис на човек кој копнееше само по едноставност и мир.

Advertisement

Пред точно осумнаесет години, на денешен ден, 16 октомври 2007 година, Македонија и целиот регион беше потресен од веста дека во страшна сообраќајна несреќа животот го загуби нашиот Тоше Проески, македонската музичка легенда која имаше само 26 години.

Тоше зад себе остави бројни хитови кои и денес живеат меѓу луѓето што го сакаа. Само неколку часа пред трагедијата, тој го даде своето последен интервју, во кое, за првпат, откри дека се чувствува уморен од славата и од постојаната изложеност на јавноста.

Advertisement

– Сакам, ама не можам. Машинеријата ме стави, како што велат, во бубањ и готово, нема враќање. Ми треба одмор од секојдневните интервјуа, шминкање, патувања… Сè ми е веќе до тука, рече Тоше, покажувајќи со раката над главата.

Иако секогаш беше насмеан и ведар, тогаш призна дека негов голема желба е да помине еден обичен ден како секој човек кој не е јавна личност.

Advertisement

„Правам грешки, како секој нормален човек. Не сум безгрешен, не сум светец, ниту ангел, далеку сум од тоа, но сум далеку и од сите тие лоши приказни што ми ги припишуваат откако станав познат, искрено рече тој.

Тоше тогаш сподели и колку копнее по обичен живот, во кој би можел слободно да прошета без да биде препознаен:

„Сакам да прошетам, да одам во шопинг, навечер во кафуле, ама не можам. Пред десетина дена шетав покрај излози и сфатив дека повеќе од шест-седум години не сум излегол низ градот и не сум рекол: „Ова ми се допаѓа, ќе влезам да си купам“. Мислиш дека не сакам? Сакам, како и сите нормални луѓе, зборуваше Тоше.

Тоше, кој низ регионот беше познат како „македонскиот Павароти“ и „македонскиот Оливер“, загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, околу 6.20 часот наутро. Во автомобилот со него беа неговата менаџерка Љиљана Петровиќ и Георги Георгиевски, кои поминаа со полесни повреди.

Потсетуваме, Тоше првпат настапи пред публика на 10-годишна возраст, кога ја отпеал „Аве Марија“ и ги остави сите без зборови. На 15 години ја започнал својата кариера на Макфест, а набрзо потоа соработуваше со Григор Копров. Хитовите „Усни на усни“ и „Сонце во твојата златна коса“ го вивнаа во ѕвездите, а неговиот прв албум излезе во 1999 година.

За само неколку години ја освои Македонија, а потоа и целиот Балкан. Неговата соработка со Тони Цетински и дуетот „Лагала нас мала“ му донесоа слава и во Хрватска, а по настапот на Евровизија 2004 година, Тоше стана вистинска регионална ѕвезда.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button