Реклама
Новости

Цеца со овој потег изненади – пејачката откри и нови информации за Поповиќ, сите се загрижени

Многумина се загрижени за здравјето на Саша Поповиќ, а Цеца сега прв пат го спомена...

Реклама

Цеца изгледа неверојатно за свои години

Балканската фолк-дива Светлана Цеца Ражнатовиќ (51) со своето последно издание никого не остави рамнодушен.

Имено, Цеца на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ овој пат се појави во широки фармерки кои им се омилени и на тинејџерките и се хит оваа сезона, додека на нозете носеше обични спортски бели патики.

Маркетинг

Пејачката овие тренди фармерки ги комбинираше со обична бела маичка со која во преден план го истакна „деколтето“.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И бидејќи станува збор за спортска маичка на пејачката и се гледаше и голиот рамен стомак, додека на грбот носеше стејтмент црно сако, ноншалантно префрлено преку рамениците.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Таа целото издание го заокружи со голема црна чанта од еден од најпознатите светски брендови, но и со скапи очила за сонце.

Како Цеца која наскоро ќе наполни 52 години изгледаше во ова свое хит издание, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ, Гранд

Потсетуваме, Цеца деновиве се огласи во врска со својот колега и драг пријател Саша Поповиќ кој заради здравствени проблеми веќе подолго време не е присутен на снимањата во „Ѕвездите на Гранд“.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ, Гранд

И како што истакна во емисијата „Премиера викенд – специјал“, со Поповиќ се слушнала пред само неколку дена, но не сакаше да открие повеќе детали во врска со неговата здравствена состојба.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ, Гранд

Таа само изјави дека тој е оправдано отсутен, но и дека сите останати во шоуто се вистински професионалци и дека ќе дадат сé од себе да ја завршат сезоната најдобро што можат, иако лидерот им е отсутен.

„Неговото неприсуство се чувствува, немавме шанса да избираме дали да или не, ситуацијата на сите ни е наметната, ќе се обидеме на публиката да им останеме интересни, реални ,позитивни“, изјави тогаш таа.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ, Гранд

Од овие нејзини зборови, но и од зборовите на Бане Мојиќевиќ кој исто така се огласи неодамна, може да се заклучи дека ситуацијата е сериозна, но и дека Поповиќ самиот се надева на позитивен исход.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ, Гранд

„Она што ме радува е тоа што се чувствува добро и тоа што верува во најдобар и најпозитивен исход, што е најважно“, истакна пејачот.

Повеќе за ова прочитајте тука...

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button