Цеца во никогаш покус фустан, но погледнете го Мики Секуловски – не сте го виделе во вакво издание
Пејачката направи концерт за паметење

Балканската фолк-дива блескаше како милион долари, а Мики Секуловски никогаш повесел со неа на сцената
Популарната фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ овој викенд одржа концерт за паметење во Брчко, Босна и Херцеговина.
Таа на сцената се појави во мал црн фустан зачинет со циркони со кој ги истакна своите нозе, но и раскошното деколте.
Принтскрин/ Инстаграм
Фустанот во задниот дел беше со врвки, а странично беше украсен со чипка, така што Цеца во ова издание ги воодушеви сите.
Таа ги пееше своите хитови пред публиката, а на сцената и овој пат со неа беа Мики Секуловски и Јулија Петровиќ.
Принтскрин/ Инстаграм
Тие настапуваат со неа како придружни вокали уште од претходното финале во „Ѕвездите на Гранд“, кога беа во нејзиниот тим.
Тогаш за Мики и оваа дама се шушкаше и дека се повеќе од пријатели, а овој пат споделија и заеднички моменти од концертот.
Принтскрин/ Инстаграм
Големо внимание привлече и тоа што Мики на сцената носеше очила на кои беше испишано името на неговата поранешна менторка.
Принтскрин/ Инстаграм
Цеца заедно со нив направи одлична емоција на концертот, па од публиката доби многу цвеќиња и мечиња.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Принтскрин/ Инстаграм
Цеца за „Ѕвездите на Гранд“
Оваа година дојде до голема промена во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а Цеца во една пригода откри дали останува во шоуто.
„Ќе бидат дел од шоуто уште две сезони. Барем уште две години имам договор. Што се однесува до шоуто, јас уживам во него, се чувствувам како дел од тимот, еден величествен тим што победува. Сé и сешто се наслушавме и нагледавме. Дека ни е лош рејтингот, дека не сме гледани. Тоа се такви лаги, љубомора и пакост, но резултатите велат поинаку“, изјави Цеца за порталот „Блиц“, пред финалето во кое победи нејзиниот кандидат од Македонија, Никола Станишиќ.
Принтскрин/ Инстаграм
Принтскрин/ Инстаграм
Принтскрин/ Инстаграм
@mikisekulovski @CECA #mikisekulovski #cecaraznatovic #balkantiktok #duet #macedoniantiktok #zvezdegranda