CelebrityНовости

Цеца со нова лута и бесна реакција – два и пол часа пеев во Велес и никој не ме симна од бината!

Advertisement

Познатата српска пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ деновиве повторно е во центарот на вниманието по концертот кој неодамна го одржа во Велес, Македонија. На снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“, таа во опуштено издание проговори за ситуацијата која предизвика реакции на социјалните мрежи, каде што се појавија шпекулации дека нејзиниот настап бил прекинат и дека пејачката била симната од бината.

Цеца остро ги демантираше овие тврдења, потенцирајќи дека не само што нејзиниот настап не бил прекинат, туку дека пеела цели два и пол часа.

Advertisement

-Се пласираа лаги дека ми бил прекинат концертот и дека ме симнале од бината. Тоа апсолутно не е точно! Настапив повеќе од два и пол часа. Со чест на исклучоците, но има луѓе што намерно шират глупости. Да, се случи една непријатна ситуација, но јас дадов изјава за тоа и прашањето е завршено,“ изјави пејачката со видлива лутина.

Во својата реакција Цеца додаде дека е повеќе од четири децении присутна на музичката сцена, и дека никогаш во животот не дала провокативна изјава со цел да ги повреди колегите од естрадата или фановите.

-Што се случува, луѓе? Јас траам 40 години! Никогаш не сум навредила некого, ниту сум била дел од некој скандал. Денес, многумина ги навредуваат своите колеги и тоа поминува без реакција, а мене ме осудуваат за нешто што не сум го направила, додаде таа.

Цеца исто така нагласи дека ѝ е жал поради начинот на кој дел од јавноста и медиумите се однесуваат кон неа по инцидентот во Велес, но и дека нејзината мисија е музиката да ги обединува луѓето, а не да создава поделби.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button