Цеца скокна и си го гушна Мики Секуловски – овој потег ги изненади сите, пејачот ова нема да го заборави
Еве зошто за овој настап се уште се зборува

Настап за кој и денес се зборува
Мики Секуловски беше еден од најдобрите во претходната сезона од познатото музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Мики тогаш го освои високото второ место, а по завршувањето на шоуто му се отворија многу нови врати и тој продолжи успешно да ја гради својата кариера како кај нас, така и во соседството.
Постојано настапува, а може да го видиме и како придружен вокал на концертите на својата менторка Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Инаку, Мики додека се натпреваруваше во шоуто со својот моќен глас никого не оставаше рамнодушен.
Но и по завршувањето на шоуто неговите настапи продолжија да се вртат, а дуелот со Инел Нукиќ се уште е голем хит на Јутјуб.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Имено, сплетот песни што тогаш го изведоа рокерот и младиот фолкер ги изненади како претставниците на жирито, така и публиката. Рокерот Ѓорѓе Давид посебно беше воодушевен, така што тој во еден момент дури и стана од столчето и мораше да го бакне нашиот пејач.
„Кандидат број еден, нереален дуел, посебно што ти си човек колку што оваа материја ја познавам кој работи како треба. А сега исечи ме, бидејќи морам да излезам и да го бакнам Македонецот. Никој никогаш не се осмелил да го отпее Топиќ и оваа песна што ти ја избра. Ти благодарам за тоа, јас уживав во него“, изјави тогаш познатиот рокер, а Саша Поповиќ се пошегува на негова сметка.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
„Јас да сум на твое место би дошол и би ја бакнал Цеца како негова менторка“, изјави Поповиќ, а Ѓоле отрча и ја бакна Цеца.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
„Па зошто мене, човекот пееше, а не јас?“ го праша тогаш пејачката, а потоа го додаде и следново:
„Кажа дека добив бисер, но јас велам корпа со бисери“, го пофали Цеца тогаш Мики Секуловски.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Како изгледаше овој настап, потсетете се во продолжение…