Наши ѕвезди

Цеца се појави во бел корсет, покрај неа блеска и Мики Секуловски – овој детаљ сите го забележаа (видео)

Концерт за паметење...

Advertisement

Балканската фолк-кралица, Светлана Цеца Ражнатовиќ, и овој пат покажа зошто се уште е неприкосновена – како со нејзиниот глас, така и со стајлингот што го носеше.

Цеца вчера одржа концерт за паметење во Ужице, каде беше дочекана од својата публика со громогласен аплауз.

Advertisement

Но покрај нејзиниот извонреден перформанс на сцената, сите беа воодушевени и од тоа како изгледаше на сцената.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Имено, пејачката за овој свој музички спектакл избра елегантни бели панталони кои ги носеше во комбинација со корсет.

Advertisement

Корсетот беше откопчан и го носеше како и најпознатите светски модни икони, а беше зачинето со сребрени детали кои дополнително го истакнаа нејзиното раскошно деколте.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Пејачката изгледаше беспрекорно во ова издание, а истото го зачини со коса врзана во високо опавче кое го откри нејзиното лице.

Она што многумина го забележаа е дека пејачката не носеше високи потпетици туку патики кои исто така беа зачинети со светки.

Принтскрин/ ТикТок

Инаку, на сцената и овој пат можевме да ја видиме и македонската Гранд ѕвезда, Мики Секуловски, како придружен вокал.

Принтскрин/ ТикТок

Тие имаа и заеднички настап, со една од најубавите песни на Цеца, а Мики сподели неколку моменти и на Инстаграм.

Принтскрин/ ТикТок

Мики за раслика од Цеца беше облечен во црно, но и тој елегантното издание го зачини со бели патики.

Принтскрин/ ТикТок

Потсетуваме, балканската фолк-дива непосредно пред концертот се снимаше во својот луксузен автомобил, со млади момчиња на заедното седиште и во издание во какво не сте ја виделе досега

Повеќе за ова прочитајте тука…

@ceca_press

CECA je sinoć održala peti koncert u rasprodatoj hali Veliki park u Užicu presld 3.500 ljudi! Muzičkoj zvezdi je ovo deveti koncert ove godine – ujedno i deveti rasprodati! #Ceca #Užice #VelikiPark 🇷🇸

♬ original sound – CecaPress

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button