Цеца позираше во бадемантил, а еве што прави и Мики Секуловски во истиот хотел – ќе се изненадите
Познатата пејачка се одмара во бадемалтил на терасата од хотелот покрај морето, а Мики воодушевен од глетката го снимаше пејзажот...
Балканската кралица на фолк-музиката, Светлана Цеца Ражнатовиќ, одржа ексклузивен настап во Римини, Италија.
На концертот како гостин се појави и македонската Гранд ѕвезда Мики Секуловски, а гостите беа воодушевени.
Пејачката само еден ден претходно сподели снимка со која покажа како ужива на терасата од хотелот во кој е сместена, а на социјалните мрежи поприлично привлече внимание со она во што беше облечена.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Имено, таа позираше само во бадемантил и без грам шминка на лицето, а видеото веднаш стана хит на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Во истото тоа време и Мики на Инстаграм откри дека патува за Италија, а потоа сподели и снимка со истиот поглед на морето.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
На снимката што Цеца ја сподели на својот Инстаграм се слуша хитот „Криво је море“ од „Дивље јагоде“, а познатите стихови „Док море се пенило и ти си се заљубила“, совршено се вклопија во сцената.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Потсетуваме, Мики во претходната сезона во „Ѕвездите на Гранд“ го освои второто место, а менторка му беше токму Цеца.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Мики по завршувањето на шоуто веќе неколку пати гостуваше на концертите на Цеца, а очигледно така беше и сега.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Како изгледаше атмосферата, погледнете во продолжение…
A еве и како Цеца се опушта во хотелот…