Наши ѕвезди

Цеца по скандалот со знамето повторно во центарот на вниманието – овој пат заради нејзиното деколте

Блескаше во фустанот со цветен дезен, а неколку детали не поминаа незабележано

Advertisement

Пејачката никого не остави рамнодушен.

Откако бројни медиуми во регионот пишуваат за гафот што Цеца Ражнатовиќ го направи со бугарското знаме во Велес, балканската фолк-кралица сега повторно се најде во центарот на вниманието.

Advertisement

Но овој пат во прашање е нејзиното модно издание со кое се појави во „Ѕвездите на Гранд“ и го украде шуто.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Имено, познатата фолк-пејачка на едно од последните снимања дојде во тесно и ултра кусо фустанче со кое ја „преврте игрицата“.

Станува збор за креација со интересен цветен дезен во црна и сина боја, но и со деколте од кое застанува здивот.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Таа целото издание го зачини со сина чанта со златен синџир и сини сандали, како и шик очила за сонце и дискретна огрлица.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Но за разлика од претходниот пат, кога беше видно револтирана и бесна на новинарите заради скандалот што и се случи во Македонија, овој пат фолкерката пред камерите беше видно расположена.

Потсетуваме, Цеца на неодамнешниот концерт што го одржа во Велес во еден момент на сцената развеа бугарско знаме.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Таа знамето го доби од една своја обожавателка од публиката, но како што изјави подоцна, не знаела дека со оваа своја постапка ќе предизвика негодување кај публиката која што ја исвирка.

Пејачката подоцна изјави дека видела дека се работи за бугарско знаме, но и дека не знаела дека ќе предизвика скандал.

Повеќе за скандалот на Цеца прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button