Цеца пееше со солзи на очите – на сцената со неа и Мики Секуловски! И во публиката ронеа солзи со неа
Пејачката на бината не можеше да ги сокрие емоциите
Балканската фолк-дива, Светлана Цеца Ражнатовиќ, одржа концерт за паметење во Нови Сад, а гостин и овој пат и беше Мики Секуловски.
Познатата пејачка во Нови Сад пристигна со својата проверена екипа, а откако му беше менторка на Мики Секуловски во „Ѕвездите на Гранд“, по завршувањето на шоуто и откако македонскиот пејач го освои второто место, Цеца го покани да настапува со неа, што шармантниот пејач секако дека го прифати со задоволство.
Принтскрин/ ТикТок
Па така Мики и овој пат на концертот на Цеца со неа го испеа нејзиниот хит „Ко на грани јабука“ и ја воодушевија публиката.
Како изгледаше овој момент, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Мики Секуловски
Инаку, Цеца на концертот се појави во светкав комплет од сако и панталони, а на нозете наместо штикли, носеше патики.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Пејачката со ова свое издание ги изненади сите, посебно со патиките – елегантен модел од Адидас со циркони.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Цеца концертот го започна емотивно, со многу емоции и солзи во очите, со својата балада „Пиле“ која ја посвети на жртвите што настрадаа во несреќата што се случи пред неколку недели на Железничката станица во Нови Сад.
Инстаграм/ Мики Секуловски
И кога започнаа првите стихови, и публиката почна да плаче заедно со неа, по што следуваа овации и голем аплауз.
„Цецо, те сакаме“, и порача публиката на пејачката.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Потсетуваме, Мики и за Нова година ќе настапува со Цеца, во Херцег Нови, а оваа забава можеби ќе биде најдобра на Балканот.
Како што пренесуваат медиумите, интересот за дочек на Нова година во Херцег Нови е поприлично голем, а се очекува да има гости од целиот регион. Покрај Цеца концерт истата вечер ќе одржи и Војаж, а следниот ден се „Црвена јабука“ и популарната Бресквица, додека денес, на 28 декември, ќе се појави уште една Македонка – пејачката Тијана Дапчевиќ со уште неколку изведувачи.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Инаку, Мики и вечерва ќе настапува со Цеца како придружен вокал и гостин на нејзиниот концерт во истиот клуб во Нови Сад, а овој настан веќе е целосно распродаден и се очекува да биде вистинска лудница.