Наши ѕвезди

Цеца откри дали ќе ја гледаме во „Ѕвездите на Гранд“ и следната сезона – го спомна и Никола Станишиќ

Еве што ќе се случува со популарното шоу

Advertisement

Пејачката ги изненади сите

Балканската фолк-дива Цеца Ражнатовиќ по напорниот период што го имаше ги спакува куферите и конечно замина на одмор.

Advertisement

Таа моментално е на Кипар, во својата луксузна викендичка, каде секое лето престојува и си ги полни батериите.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа сподели и неколку фотографии од а место и го покажа раскошниот двор и големиот базен што го има направено во викендичката, а како сето тоа изгледаше, во ноќните часови, погледнете тука.

Advertisement

По исцрпниот концертен период и успешната сезона во „Ѕвездите на Гранд“ во која што убедливо победи нејзиниот кандидат Никола Станишиќ, Цеца конечно отпатува на оваа медитеранска дестинација за да си ги наполни батериите.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Од фотографиите што ги објави повеќе од очигледно е дека Цеца гламурозната вила ја средила до најситен детаљ.

Принтскрин/ Блиц ТВ

Покрај раскошниот базен, сликите ја покажаа и преубавата архитектура на нејзиниот дом, оставајќи ги сите без здив.

Како изгледа местото во кое фолк-дивата ќе ужива во следните неколку дена, погледнете и од видеото во продолжение.

Потсетуваме, Цеца пред само неколку дена заедно со Никола Станишиќ ја славеше неговата победа во „Ѕвездите на Гранд“.

Таа беше пресреќна кога соопштија дека нејзиниот кандидат победи (види тука), а Никола веднаш и се заблагодари на поддршката.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Пејачката потоа пред камерите откри и дека Никола сакал да се откаже од натпреварот, па таа морала да го предомисли, а зборуваше и за големиот скандал што и се случи на Вики Миљковиќ.

Имено, неколку дена пред финалето Вики беше обвинета за мито од еден пејач од Македонија кој пред неколку години се натпреваруваше во истото шоу, кој пота и се извини на пејачката (види тука), па Ражнатовиќ жестоко го коментираше целиот случај.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Таа пред новинарите откри и дали ќе ја гледаме во следната сезона од „Ѕвездите на Гранд“, изјавувајќи го следното:

„Ќе бидат дел од ‘Ѕвездите на Гранд’ уште две сезони. Бар уште две години имам договор. Што се однесува до самото шоу, јас уживам во него, се чувствувам како дел на тимот, еден величествен тим што победува. Сé и сешто се наслушавме и нагледавме. Дека рејтингот ни е лош, дека не сме гледани. Тоа се такви лаги, љубомора и пакост, ама резултатите зборуваат поинаку“, изјави Цеца за медиумите во финалето од најгледаното музичко шоу во регионот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button