Цеца направи хаос во Штутгарт, ова е нешто што Мики Секуловски нема никогаш да ѝ го заборави
Цеца го блокираше и Штутгарт, немаше игла каде да падне

Светлана Цеца Ражнатовиќ и овој пат покажа зошто потполно заслужено ја носи титулата кралица на фолк-музиката на Балканот.
Познатата пејачка имаше настап во Штутгарт, а салата во која што се одржа концертот беше полна до последно место.
Тоа дека навистина немаше каде ни игла да се фрли можевме да видиме и од објавите на Мики Секуловски, пејачот од Македонија, кој по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ редовно настапува со Цеца.

Инстаграм
Од овие снимки може да видиме дека атмосферата беше врвна, а публиката цела вечер ги пееше песните со пејачката.

Инстаграм
Цеца за оваа пригода носеше елегантен фустан со длабоко деколте и шлиц со кои ја истакна својата раскошна фигура.

Инстаграм
Публиката беше воодушевена, а посебен беше моментот и кога Цеца заедно со Мики ја испеаја една од нејзините најпознати песни.

Инстаграм
Станува збор за песната „Ко на грани јабука“, а за оваа изведба на Цеца со Мики многумина велат дека е една од најдобрите што пејачката ги имала во својата досегашна повеќедецениска кариера.

Инстаграм
И како што пренесуваат медиумите, ова не само што бил настан за паметење, туку и еден од најголемите концерти во Штутгарт оваа година, а организаторите размислувале да го резервираат и следниот ден.
Потсетуваме, Мики иако е рок пејач, тој со својот моќен глас подеднакво добро се снаоѓа и во сите останати жанрови.

Инстаграм
Неговиот карактеристичен глас совршено одговара за познатата песна на Цеца, а кога тие заедно ќе ја изведат на сцената, публиката секогаш е воодушевена и заедно во еден глас пеат со нив до последен такт.

Инстаграм
Така беше и овој пат, а како изгледаше Мики на сцената и пред воодушевената публика, погледнете во продолжение…

Инстаграм
„Вие сте доказ дека љубовта и музиката не познаваат граници. Ти благодарам Штутгарт на незаборавната вечер“, изјави Цеца на крајот.

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм





