Цеца има за честење и славење, ги открива деталите – на прославата ќе присуствува цел Балкан, еве и кога
Во октомври би требало да влезам во студио и да ги отпеам сите песни што ги собравме, па да видиме каде сме, вели Цеца.

Фолк-дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, на радост на нејзините бројни обожаватели ширум Балканот ( и пошироко), откри дека во текот на овој месец ќе ги сними сите песни во студио, за да утврди кои од нив ѝ одговараат и ќе се најдат на нејзиниот нов албум. Да, Цеца сериозно работи на новиот албум.
– Во октомври би требало да влезам во студио и да ги отпеам сите песни што ги собравме, па да видиме каде сме. Најдобро ќе знаеме кога сè тоа ќе го отпеам и ќе се обидам да го доживеам, за да видам дали ми лежи или не – изјави Цеца во разговор за Глам и драма.
Пејачката се осврна и на вечната дилема, што е денес потешко: да се најде вистинската љубов или да се направи хит што ќе трае.
– Мртва трка, кога подобро ќе размислам. Во овој момент многу повеќе ми е важно да направам хит песна – вели Цеца.
На прашањето дали физички би се пресметала со новинарите што пишуваат невистини за неа, таа со насмевка одговори:
– Се разбира! Ние сме темпераментен народ, сите сме топлокрвни. Секако дека ми паднало на памет да кажам: „Како би ти залепила една воспитна шлаканица“ (се смее). Се шегувам, не сум агресивна по природа, не толерирам агресија и насилство – нагласи Цеца Ражнатовиќ.
View this post on Instagram
Новинарот и водител Стевица Николиќ откри и ексклузива: новиот албум на Цеца ќе излезе во јуни 2026 година.
Потсетуваме дека Цеца неодамна одржа незаборавен концерт во Кралево, на кој ѝ приреди на публиката вечер полна со емоции и енергија.
Настапот беше вистински спектакл, а популарната пејачка блесна во впечатливо и провокативно издание пред илјадници обожаватели.

Таа за оваа пригода носеше ултра кусо фустанче, така што во преден план беа нејзините нозе и изгледаше како милион долари.
А со кој нашинец запеа на сцената, прочитајте ТУКА.