Цеца им се извини на фановите од Македонија – Не сум полудена, не знаев дека толку не се сакаат!
Пејачката ја откри вистината за концертот за кој пишува медиумите од целиот Балкан

Познатата фолк-пејачка Цеца Ражнатовиќ по скандалот со бугарското знаме во интервју за српски Телеграф откри што се случило.
И како што и самата појаснува, таа видела дека станува збор за бугарско знаме кое и го дофрлил еден фан од публиката.
Но не знаела дека со истото ќе предизвика скандал и дека ќе предизвика голем револт кај домашната публика.

Принтскрин/ Икс
„Фан од публиката ми го даде знамето. Како и секаде во дијаспората, фановите ми додаваат различни знамиња и за мене е огромна чест кога некој ќе ми го даде знамето од својата земја. Го загрнав и наеднаш почнаа свиркањата. Не знаев за што се работи, помислив дека сум го свртела наопаку. Видов дека не е македонско, не сум полудена. Ама тоа до сега никаде се нема случено. Бев потполно збунета“, вели Цеца во интервјуто за „Телеграф“, а пренесе и „Гранд.онлајн“.
„Бев потполно збунета“
Таа потоа објаснува како Мики Секуловски веднаш реагирал и ѝ кажал да го тргне знамето, иако се уште не и било јасно зошто.

Принтскрин/ ТикТок
„Го тргнав, се уште немајќи поим за што се работи. Навистина не знаев дека толку не се сакаат. На мене ми е многу жал ако повредив нечии чувства. Тоа апсолутно не ми беше намерата, бидејќи јас не се занимавам и со домашна, а камоли со комшиска политика, кој кого сака или не сака. Навистина се трудам преку својата песна да ширам љубов, и тоа трае полни 38 години. Така и ќе остане“, вели Цеца во интервјуто.

Принтскрин/ ТикТок
„Никој не очекуваше“
Потсетуваме, по концертот на Цеца кој се одржа на 31 октомври во Велес се огласи и Мики Секуловски.
Тој даде свое видување за целиот настан, потенцирајќи дека му е жал што не реагирал на време. И како што самиот откри во своето обраќање преку социјалните мрежи, тој во првиот момент и не забележал дека станува збор за бугарско знаме, а потоа веќе било предоцна.

Инстаграм/ Мики Секуловски
Цеца го вее Сонцето од Кутлеш во Врање
Мики во ова свое обраќање и се извини на публиката, но и потенцираше дека Цеца не знаела за проблемот што Македонија го има со Бугарија, бидејќи во спротивно, најверојатно поинаку ќе реагирала.
„Таа ме погледна збунето, не знаеше ни што се случува. Но штетата веќе беше направена“, вели Мики во видеото.
„Можеби требаше јас порано да изреагирам, но навистина не забележав дека се работи за бугарско знаме… Навистина жално, навистина штета што се случи оваа случка, никој не очекуваше дека, во мојот град, во Македонија, ќе се вее бугарското знаме, никој не го помисли тоа“, вели Мики.
„Навистина ми е жал, требаше да биде прекрасен концерт, и беше додека не се случи оваа.. несреќна случка“, изјави пејачот.
Повеќе за ова прочитајте тука >>



