CelebrityTV

Цеца и Кеба со сочни детали за новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ – Дара Бубамара веќе е во „клинч“

Популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ започнува во сабота, на 20 септември во 21.00 часот, а членовите на жирито веќе открија што може да се очекува од новата сезона.

Advertisement

Фолк-дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, за која ова ќе биде петта сезона како член на стручното жири, вели дека „Звездите на Гранд“ се составени од сериозен и уигран тим на професионалци.

Advertisement

„Тоа е еден сериозен, уигран тим професионалци, сите пофалби. Ова ќе биде петта сезона како сум овде,“ вели Цеца и открива дека првите снимања се исполнети со позитивна енергија.

„Нема тензии во првиот круг. Кога се бираат кандидатите, тогаш има добро и здраво зезање. Но, тензиите почнуваат кога ќе почне менторирањето и кога кандидатите ќе влезат во вистинска борба. Секој гребе и гине за својот кандидат, што е сосема природно. Очекувано е секој ментор да ги штити интересите на својот натпреварувач. Е, тука почнува фрка,“ искрено признава Цеца за српските медиуми.

Драган Којиќ Кеба пак, е сигурен во својот став дека „Ѕвездите на Гранд“ се, како што вели, „автопат за идните ѕвезди“.

Advertisement
принтскрин

Од оваа сезона, и тој е дел од жирито, кој во својот препознатлив стил ја опиша емисијата вака: „‘Ѕвездите на Гранд’ се автопат за ѕвездите што доаѓаат. Сите други емисии од тој формат се само обиколници“ објаснува тој и истакнува дека уште во првите кругови е импресиониран од талентот на кандидатите.

„За овие три круга, верувајте ми, најмалку петмина веќе ги гледам во финале,“ вели Кеба, очигледно воодушевен и од машките и од женските натпреварувачи.

Потсетуваме дека оваа сезона носи бројни изненадувања, од нови правила и целосно нова сценографија, до распоредот на столчињата во жирито.

Пејачката Дара Бубамара, која е исто така нов член на жирито, открива дека имала посебна желба кога станува збор за тоа покрај кого сака да седи во жирито.

„Целата екипа која е во Ѕвездите на Гранд многу одамна ја познавам и тие мене многу ме почитуваат и ценат, како и јас нив. Сите знаат што сакам, а што не, што се смее, а што не смее. Јас сум во принцип една нормална и скромна жена, така што немам некои посебни барања, не глумам некое лудило,“ истакна Дара и додаде дека сакала да седи покрај една колешка, но дека продукцијата одлучила за редоследот на столчињата:

„Јас лично сакав да седам покрај Цеца во жирито, меѓутоа се оди со извлекување, како на лото. Така што, Бог да ме чува, покрај кого ќе седам…“ рече таа со насмевка пред снимањето на првата епизода.

Но, Дарa сепак, ќе седи покрај Цеца, а истовремено и покрај Драган Којиќ Кеба, односно ќе биде во „клинч“ меѓу двајцата, создавајќи динамичен и забавен распоред кој ветува многу шеги, коментари и интересни реакции од жирито уште во првата епизода.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

Back to top button