Цеца грми во кусо фустанче, но погледнете го Мики – Македонецот растура, жените го обожаваат
И пејачката се гордее со него

Балканската фолк-дива Светлана Цеца Ражнатовиќ имаше уште настап со кој ја воодушеви својата бројна публика.
Пејачката сега настапи во градот Зрењанин, а на сцената и овој пат покрај неа беше и пејачот од Македонија, Мики Секуловски.
Мики по учеството во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ си има свои обожаватели како во Македонија, така и во регионот, за што и овој пат сведочеа овациите на публика кога пееше заедно со Цеца.

Принтскрин/ ТикТок
По концертот обожавателите објавија бројни видеа преку своите профили на ТикТок и Инстаграм, а публиката покрај тоа што беше воодушевена што имаше прилика цела вечер да се дружи со својата омилена пејачка, остана без здив и од нејзиното интересно модно издание со кое се појави на сцената.
Имено, Цеца се појави во спектакуларно издание, во црн светкав мини фустан и високи чизми преку колена во истиот тон.

Принтскрин/ ТикТок
Кусото фустанче ги истакна нејзините згодни нозе, додека високите чизми му дадоа посебен шмек на целото издание.
Пејачката со ова покажа уште еднаш дека е вистинска модна икона, но и зошто ја сметаат з кралица на фолк музиката.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:

Принтскрин/ ТикТок

Принтскрин/ ТикТок

Принтскрин/ ТикТок

Принтскрин/ ТикТок

Принтскрин/ ТикТок
@ceca_press Zrenjanin gori uz Cecu večeras! ❤️




