Наши ѕвезди

Цеца го убедила Никола да не се откажува од шоуто по трагедијата: Беше со мене, сакав да се откажам…

Победникот ѝ се заблагодари на својата менторка

Advertisement

Не стивнуваат импресиите по победата

Веќе и врапчињата на гранките знаат дека Македонија има нова Гранд ѕвезда, а тоа е шармантниот Никола Станишиќ.

Advertisement

Никола во саботата триумфираше во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“ низ кое го водеше неговата менторка Цеца.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

И како што самиот Никола по победата откри, токму Цеца го убедила да пее само македонски песни (види тука), што овој пат се покажа како победничка формула.

Advertisement

„Ми се случи трагедија, сакав да се откажам, но Цеца беше со мене и ме наговори да продолжам со натпреварот. Цеца го откажа и годишниот одмор за да биде цело време со нас и јас сум ѝ многу благодарен на тоа“, изјави Никола во „Премиера викенд специјал“ на „Гранд“.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

„Татко ми е од Косово, а мајка ми од Македонија“, откри Никола, па додаде и дека Цеца веќе му ги покажала датумите од концертите на кои треба да биде гостин, што посебно го радува младиот пејач.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Потсетуваме, Никола Станишиќ во саботата победи во „Ѕвездите на Гранд“, а Цеца го откажа одморот за да присуствува на финалето.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

И кога Војо Недељковиќ го прогласи победникот, Цеца прва скокна од радост и го гушна Никола, кој одвај ги задржа солзите радосници.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Тие потоа цела вечер се веселеа и славеа, а Никола и неговата менторка споделија и неколку снимки што сите ги воодушевија.

Како сето тоа изгледаше, погледнете тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button