Цаци од Сител во прегратки со својот драг колега – не е нејзниот сопруг, туку лице што сите го знаеме
Повеќе од очигледно е дека сите убаво си поминале, а Цаци ги изненади сите и со својата фризура
Водителката Славица Арсова долги години е во складен брак со својот колега од телевизија Сител, Александар Спасовски.
Но Цаци овој пат покажа како ужива и со своите колеги на новогодишната прослава, а еден детаљ посебно привлече внимание.
Имено, на социјалните мрежи испливаа неколку фотографии на кои Цаци е со својот драг колега Иван Кузмановски, еден од омилените водители меѓу колегите и колешките во целата телевизија.
Инстаграм/ Славица Арсова
Цаци од оваа нивна дружба сподели слика на Инстаграм, а тоа го направи и нејзиниот почитуван колега.
Цаци и за оваа пригода беше посебно облечена, со интересен горен дел без ракави во бургудни нијанса и тенко ременче со кое ја истакна својата тенка половина, а поприлично интересна беше и нејзината фризура.
Инстаграм/ Блажевски Александар
Имено, Цаци која во последно време често знае да ги изненади сите со своите шик и елегантни изданија во кои најчесто се појавува пред камерите, тоа го направи и сега, на лудата новогодишна прослава, но овој пат и со нејзината интересна фризура.
Станува збор за една од најчестите брзи фризури која стана вистински хит заради едноставниот и впечатливиот ефект што го оставаат.
Инстаграм/ Славица Арсова
Оваа фризура совршено стои и ја подига секоја комбинација и стои на секој облик на лице, па идеална е за секоја прилика.
Цаци покрај високото опавче, своето убаво лице го истакна и со црвениот кармин, а за ова свое издание си доби бројни пофалби.
Инстаграм/ Александар Спасовски
Фотографии и снимки од журката објавија и останатите нивни колеги, додека сопругот на Цаци, Александар, на својот Инстаграм сподели една заедничка фотографија на која е со целиот тим.
Потсетуваме, тие неодамна заедно го прославија 30-от роденден на Сител, а како изгледаа на прославата, откријте тука.