Реклама
Наши ѕвезди

Цаци од Сител и нејзиниот сакан со преубава вест – пристигнуваат честитки, тие никогаш поубави

Прекрасен пар

Реклама

Познатата водителка во издание кое е празник за очите

Водителката Славица Арсова Спасовски е една од омилените лица на нашите мали екран која гледачите веќе со години ја следат како презентерка на вестите на телевизија Сител.

Таа отсекогаш била убава и насмеана, но и подготвена точно и јасно да им ги пренесе информациите на луѓето.

Маркетинг

И секогаш кога е на малите екрани зрачи и со својот елегантен стил, а таква е и на социјалните мрежи каде понекогаш знае да изненади и со по некоја приватна фотографија.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб, Сител

Но Славица сега сподели една фотографија на која е со својот партнер, Александар Спасовски, кој воедно е и нејзин колега.

Станува збор за фотографија направена на јубилејната 30-годишна прослава на телевизија Сител, медиумот во кој и двајцата работат.

Инстаграм/ Славица Арсова

Цаци за оваа пригода избра елегантен црн фустан кој и овој пат се покажа дека е вистински погодок кога станува збор за вакви настани.

Станува збор за креација со должина до подот, со голи раменици и интересен детаљ на половината кој додава нота на с*ксапил и шарм истовремено, а водителката целото издание го „заокружи“ со црвен кармин, шик фризура и нејзината убава насмевка.

Покрај неа блескаше и нејзиниот партнер, водителот Александар, кој избра сив костум и елегантни кафеави чевли.

Инстаграм/ Славица Арсова

Под фотографијата следуваа бројни честитки за медиумот во кој што и двајцата работат и каде всушност и започна нивната љубовна приказна (повеќе за ова тука), но и на сметка на тоа како беа облечени за оваа пригода.

Бонус видео

Беше еднаш, на телевизија Сител …

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button